Наслов

Даунхил и Стритворкаут во баланс со Антонио Димовски

За да се спојат даунхил и стритворкаут во една целина го прашавме Антонио Димовски, млад ентузијаст, спортист и адреналински зависник. Како е да го исполнуваш животот со овие нешта ќе прочитате подолу...  

       

Првиот спуст од Водно, за адреналинот и како е да си даунхилер

Првиот спуст на Водно ми беше пред 8-9 години. Иако се спуштив полека,адреналинот и тоа како беше присутен. Неколку дена бев под импресии и сфатив дека тоа е вистинскиот спорт за мене.

За само неколку минути,откако ќе се извози некоја стаза,секој ќе може до определено ниво да почувствува како ни е на нас кои што сме со овој спорт. Преубаво чувство.

Што е најважно за еден даунхилер?

Со започнувањето на овој спорт,многу важна е заштитата.Без соодветна заштита се случуваат падови со посериозни повреди.

Пред извесно време се појави твое видео што предизвика внимание,
уличен тренинг како загревање и спуст од водно, како ги комбинираш двете?

Станува збор за посебни тренинзи. Три дена од неделата одвојувам за теретана, а останатите ги користам за овие спортови. Значи секој ден е исполнет со некоја активност. Вклучени се вежби за рамнотежа, сила, издржливост. Се работи за добар микс од спортски активности кои даваат одлични резултати, физички и психички.

Како се насочи кон street workout и дали тоа ти е доволно да се одржиш во кондиција за даунхилот?

Од мали нозе сакав да се кревам на шипки и некои такви слични работи. Гледањето видеа на интернет ме поттикна да навлезам подлабоко во street workout. Ова е правиот спорт каде што можете да се натпреварувате сами со себе и да ја согледате способноста на вашиот дух и вашето тело. Добро ни е позната нашата поговорка ,,Во здраво тело, здрав дух". Верзијата од стариот исток е ,,Во здрав дух, здраво тело"

И двете мисли укажуваат за рамнотежата и поврзаноста помеѓу физичкото и психичкото. Street workout е добар пример за ваквата поврзаност. Даунхилот бара добра физичка подготвеност, посебно за добар, брз спуст. Уличниот тренинг ми помага во тоа.

Ретко ќе се сретне даунхилер кој практикува активно street workout. Како го доживуваш и интегрираш тоа во твоето секојдневие, одзема ли време и колку се посветуваш пооделно на овие два спорта?

Како што кажав, секој ден ми е исполнет со некои вежби. На Водно возиме најчесто за викендите по неколку пати. Вежбањето на улица, дома и во теретана го правам по различен распоред од понеделник до петок. Сето ова позитивно ми влијае на другите сфери од животот. Ако се навлечете на овие спортови, ќе ги видите придобивките за краток период.

Имаш ли некаков режим на исхрана и дали си учествувал на некакви натпреври досега

Имам посебен режим на исхрана и тоа 5-6 оброци во текот на денот, збогатени со повеќе протеини и јаглехидрати за енергија. Многу важно е конзумирањето на вода, како што знаеме висок процент од телото е вода. Во денот пијам по 3-4 литри.

Сум учествувал на повеќе натпревари на Балкан. Со тимот сме биле во Бугарија, Босна и Хрватска. Во 2009 организиравме меѓународна трка на Водно каде што се претставивме во одлично светло. Street workout натпревар се уште немало во Македонија. Се надевам дека набрзо ќе има и дека ќе земам учество на истиот.

   

Гледаш ли интерес кај младата популација за овие спортови?

Мило ми е што гледам дека се повеќе млади се интересираат за street workout, а има и доста кои одлично напредуваат. Кај даунхилот интересот не е до тој степен. Тоа најверојатно е поради фактот дека е прилично скап спорт.

Потенцијалот на двете сцени во Македонија и што би им препорачал на заинтересираните. Што тебе те турка напред?

За поздравување е потегот на надлежните што помагаат во развојот на спортот во Македонија. Би сакал да упатам еден апел за поддршка и на овие спортови. Еден ден тоа ќе вроди со плод, ќе се појави некој кој достојно ќе ја претставува нашата држава на меѓународни натпревари.

Пораката до младите е следнава: грижете се за своето тело и возвратете му на ист начин како што тоа ви е верно. Живејте го животот во вистинска смисла, искористувајте ги тие 86400 секунди во денот рационално. Запамтете, навреда за животот е живот заспан да се живее.

   

Фото / Љупчо Смоковски / Владислав Гавриловски / Марко Гилевски

Антонио ви препорача неколку мотивациски цитати

  • Impossible is just a big word thrown around by small men who find it easier to live in the world they've been given than to explore the power they have to change it. Impossible is not a fact. It's an opinion. Impossible is not a declaration. It's a dare. Impossible is potential. Impossible is temporary. Impossible is nothing. Muhammad Ali
  • One day your life will flash before your eyes. Make sure it's worth watching
  • Don't give up on your dream.If you can imagine it,it can come true

03 Јули 2014

За авторот