Не е важно дали си изгубил, туку како си ја играл играта

Наслов

Даг Скот и височините

„По петдневно ползење со две скршени нозе, конечно се спуштивме до почетокот на глечерот. Мене ме пратија напред за да ги барам пукнатините зашто јас сум најмногу „оштетен", па и штетата ќе биде најмала..."

По петдневно ползење со две скршени нозе, конечно се спуштивме до почетокот на глечерот. Мене ме пратија напред за да ги барам пукнатините зашто јас сум најмногу „оштетен", па и штетата ќе биде најмала – со цинична насмевка Даг Скот на неодамнешниот алпинистички собир во Италија на големиот аудиториум му објаснува фотографија на која буквално ползи по белото беспаќе. Иако 68 годишниот англичанец на оваа епизода и посвети само неколку едноставни збора, тихото мрморење во публиката откри дека голем дел од присутните знае дека по малку матната фотографија е направена 1977 година припаќа на алпинистичките анали. Појавата која Скот ја објаснува со својот црно-хумористичен автоироничен стил, всушност, „изваден" е од ледендарното првенствено искачување на 7285 m високиот Огре во Пакистан кое Скот го изведе со сер Крис Бонингтон, Мо Антоан и Клив Роуланд, а кој освен што беше еден од потешките искачувања во тоа десетлетие, во историјата ќе биде запаметен повеќе по спектакуларната приказна за преживување. На споменатото ползење по глечерот му претходеше пад по самиот врв по кој ги скрши обете нозе, проследен со несреќа во која Бонингтон скрши неколку ребра, а потоа и петдневна болна агонија во која ќетворицата со минимална опрема и без храна успеа да се спушти кон безбедноста во базниот логор.

Еден од најголемите настани на сите времиња, ова е само едно од низата доживувања во животот на Даг Скот кој покрај Рајнолд Меснер и Крис Бонингтон ја прави величествената тројка на неприкосновени легенди на светскиот алпинизам. Иако неговите првенствени насоки се во тешките стени на хималајските џинови како Гашербрум IV, Шивлинг, Канченџунга, Нуптсе, Шиша Пангма, Барунтсе, Макалу и многу други, сите со ред се достигнувања на границата на човечките можности, секогаш несклониот кон медиуми Скот ќе остане запаметен по успешното искачување на стрмниот југозападен гребен на Монт Еверест, во наврска со Дагал Хастон, а под водство на Крис Бонингтон во 1975 година. Искачувањето е тоа, кој тогаш, баш како и Меснеровото освојување на Еверест без кислород по три години, наголемо го смени текот на развојот на алпинизмот. Но, освен што познатата британска експедиција од 1975 година покажа дека и најтешките стени веќе не се недостапни на човечкиот род, Скот, Бонингтон и Меснер со своите искачувања во гoдините кои следеа поставија нови стандарди – качување без кислород, во мали екипи, без помош на носачи и поставување на фиксни јажиња, направени во „еден потег", станаа во светот на алпинизмот спортско-етички императив.

Денешните врвни алпинисти повеќе од било кога ги поместуваат границите со мноштво тешки искачувања кои во широката јавност најчесто стигнуваат само ако некој од нив заврши со смртен исход

И додека во медиумите и татковината тогашните прваци во алпинизмот беа славени као врвни спортисти и херои кои ги поместуваат границите на човечката издржливост, Месснер, Бонинготн и Скот, своевидните предводници на етиката и „стилот", први успеаа да одолеат на славата, да останат доследни на својот „незагрозен" начин на качување и што е најважно, да преживеат дочекувајќи го своето трето доба во време во кое на медиумите им стана поинтересно сè она што го сметаа за уназадување на спортот – големите комерцијални експедиции во кои доволно е да имате доволно пари за по секоја цена да се освои ултимативниот трофеј – врвот. Нивниот стил „лесни и брзо" сепак еволуира, па денешните врвни алпинисти повеќе од билокога ги поместуваат границите со мноштво тешки искачувања, најчесто во екипи од двајца или тројца, кои во широката јавност најчесто стигнуваат само ако некој од нив, како во неодамнешниот случај со словенечкиот алпинист Томаж Нумар, заврши со смртен исход. Еве као Даг Скот, најскромниот од споменатата тројка, денес гледа на минатото, сегашноста и иднината на алпинизмот.

Како тогаш, во седумдесетите години, кога големите експедиции во „опсаден" стил се чинеа као единствена можност во Хималаите, дојдовте до својот алпинистички концепт „лесен и брз"?
- Па некако дојде природно, скоро од почеток. Секогаш идеал ни беше да ги освојуваме големите стени во Хималаите, исто како оние пониските во Алпите, што побрзо и со што помлку опрема. Најголемо влијание на нашето размислување имаше успехот на југозападната стена на Еверест. На тоа искачување сите научивме многу – сфативме дека големите стени во Хималаите сепак можат да се совладаат и дека најдобриот начин е качување во мали екипи. Секако, бидејќи сме англичани, доста размислувавме за тоа дека е можеби лошо што ги тргаме нашите јажиња од планините, дека можеби подобро е да ги оставиме на другите, но потоа сфативме дека всушност тоа не е в ред – да го оставаме своето ѓубре во планината. Пред таа 1975 година не бев сигурен дали можам да одам на врв на 8000 m без кислород, но по искачувањето на кое целата ноќ ја поминавме без ксилород на 8700 m сфатив дека можам.

Што мислите за сè поголемиот број денешни комерцијални експедиции во Хималаите кои користат помош од носачи, кислород и фиксни јажиња?
- Па тоа не е алпинизам, односно тоа не е релевантно за развој на алпинизмот. Тоа е нешто доста споредно на што не би требало да се трошат многу зборови. Меѓутоа, сметам дека етиката не е загрозена, затоа и покрај сè сведоци сме на голем број одлични првенствени искачувања кои ги прават мали екипи. Мене ми е интересно као со тек на десетлетијата секогаш се истакнуваат некои земји чии алпинисти заедно се обидуваат да ги поместат границите. На пример онака како што го правеа Британците во осумдесетите, така после се истакнуваа Полјаците, па Русите, или Словенците кои доѓаат од мала земја, а нивните алпнинисти прават големи и значајни искачувања во одличен стил. Минатата година бев член на жирито за доделување на Злaтен Цепин, каде се променија критериумите и наместо да се избере само едно најдобро искачување, со отиде на намалувањеен компетитивноста која немаше смисла во овој спорт и се доделија неколку награди. Доделивме награди на искачувањата кои беа оригинални, имаа авантуристички дух, бараат голема посветеност и беа инспиративни. Две главни награди отидоа во рацете на мали јапонски екипи кои изведоа две искачувања на врвови од над 7000 m во доста импресивен стил.

Како течеше вашиот алпинистички „развој"? Што му е потребно на човека за да да се оспособи за такви тешки искачувања на големи височини?
- Никогаш не правев големи чекори. Длго време бев еден вид приправник, правев многу полесни искачувања во Доломититие и Алпите. Никогаш не бев посебно добар качувач како некои од мојата генерација, особено не на сува карпа, иако навистина го сакам тој вид качување и ден денс го практикувам доста често. Не ни тренирав баш многу. Едноставно многу качував сè и сешто. Мсилам дека тоа е доста добар тренинг, да се качува од сè по малку – карпа, мраз, комбинација. И природната љупобитност ме водеше кон нови нешта, нови проекти. Всушност некоја тајна лежи веројатно во тоа што се фокусирав на она во што сум најдобар, а тоа се искачувањата во Хималаите. Добро функционирав на височина и таму можев најдобро да ги туркам своите граници.

Многу брзо станавте познат по „лесните" искачувања со малку опрема за да ја намалите тежината. Што носевте со себе на такви проекти во Хималаите?
- Па на пример, кога ја качувавме првенствената насока на Шиша Пангма, бевме многу, многу лесни, носевме со нас само најпотрбната облека, три боци со гас, три тубуларци и три клина. И храната беше најлесна што може – малку тибетански сампи, млеко, малку супа, и сирење. И чај, секако.

 

Што беше пресудно за да успеете да се „извлечете" од Огре?
- Па, откако ги скршив двете нозе, сфатив дека сеуште можам да абзелувам. Кога не абзелував, тогаш ползев и најдоброто што, психолошки, можев да го направаме во главата да замислам парцијални цели. На пример, целта беше да се помине растојанието од дваесет метра од точката А до точката Б. Така ги ограничував целите и се обидував да не размислувам премногу околу ситуацијата во која се најдов. За целата среќа, таму беа Мо и Клив, да ми помогнат.

Кои искачувања ви останаа во најголемо сеќавање?
- Па тешко е да се каже. Ги има многу. Можеби би ги усвоил искачувањата со Џорџ Бетембург и Роџер Бакстер Џоунс, некаде од средината на седумдесетите до средината на осумдесетите. Тие двајца не се познати на пошироката јавност, затоа што за да бидете познати во таа смисла, изгледа не е важно што качувате, туку да напишете книга и да бидете добри со новинарите. Но тиe обајцата беа одлични алпинисти. Мислам дека Роџер беше појак од Меснер во тоа време. Прекрасно време поминувавме заедно, постојано се смеевме, колку и да беше тешко. Најважно е да се вратите дома како пријатели и да имате идеи за нови искачувања.

Толку големи искачувања бараат голема посветеност и непрестајно донесување исправни одлуки...
- Носењето одлуки е таа основна разлика меѓу комерцијалните експедиции и некомерцијалните искачувања. Луѓето од комерцијалните експедиции плаќаат 65 000 $ или некоја слична цена за да им се подигнат логори, да им се искфиксираат јажиња, некој да им вари чај и некој да им вели: „Добро, еве денс одиме" или „Еве денес остануваме во шаторот". Ретко што е нивна одлука тие се као куче на врвка. И всушност, она што го прави алпинизмот толку интересен е донесувањето одлуки. А најдобар начин да ја донесете вистинската одлука е да не бидете преамбициозни, да не ја занемарите својата инуиција, да бидете отворени кон тоа „шесто сетило". Интуицијата не е ништо друго туку резултат на искуството и со секое ново искачување станува сè појака. По некое време таа е као некој глас во вашите гради кој ви кажува што следно да направите. А што се однесува до ризикот, не е така лошо да се биде амбициозен, сè додека вашата мбиција не почне да му штети на некој друг, освен вам.

Сметате ли дека денешните врвни алпинисти се преамбициозни, дека важен им е само врвот?
- Нема ништо така добро од тоа каао да се стигне до врвот и малку да се разгледа наоколу. Но разликата денс ја прави сè поголемата комерцијализција на спортот и потреба за спонзори. Моите пријатели и јас главно немавме спонзори, зашто не го сакавме тој притисок кој тие го носат. Мојот татко секогаш тврдеше дека не е толку важно као си играл, колку што е важно како си ја играл играта. Нашата идеја беше секогаш да бидеме што повеќе независни. Спонзорите носат императив постојано да правите искачувања кои ќе ги истакнуваат медиумите, за постојано да бидете интересен на новинарите. Праите расипаа сè. Кај мене во Нотингем, многу од нас игравме рабги кога бевме помлади. Беше тоа лига на локални клубови кои играа пријателски натпревари. Денес и понатаму се игра рагбѕ, но во клубовите повеќе играат странци, сè е доста професионално. Наместо да се дружат, клубовите се искарани меѓусебно. Тоа веќе не е пријателска игра. И во алпинизмот денес иамаме профит од една страна, а од другата страна Меснер – кој поставувањето на експанзивни клинови во карпата еднаш го нарече „убиство на невозможното", Бонати, Касин и останатите.

Често истакнувате дека во планината верувате во претчувството дека нешто лошо ќе се случи. Зошто?
- Затоа што тоа се случило на голем број мои пријатели кои умреа во планините. Сите редум беа јаки личности, некои од нив не веруваа во судбина. Но скоро сите тие, непосредно пред да погинат, го имаа чувството дека ќе умрат. Кога Ник Есткорт загина во лавина за време на нашето искачување на К2, со часови го барав меѓу ледените блокови. Неколку дена пред тоа, му рече на еден од нашите пријатели во базниот логор дека сонувал како јас го барам неговото тело меѓу сераци. Дагал Хастон на 16. јануари 1977 година го заврши пишувањето на роман во која главниот јунак скијајќи придвижува лавина на североисточната падина на Ла Риондаз, но преживува. Ден после тоа отиде да скија на истото место, предизвика лавина и загина. Неговата девојка целиот тој ден не можеше да работи, поради што нејзиниот шеф ја прати дома. И таа како да знаеше дека нешто ќе се случи. Има многу вакви чудни случки.

Во ниеден момент не помисливте да престанете да се бавите со „амбициозен" алпинизам после тоа?
- Не, во ниеден момент не размислував дека ќе престанам да качувам. Суштината е во тоа што по тоа искачување преку југозападната стена на Еверест станав доста славен во Велика Британија. Сето тоа водеше да станам преарогантен, пре*хабат. Помислив дека сум непобедлив, дека можам сè. И тогаш дојде тој Огре, кој малку ме приземји, ме натера веќе да почнам да ја почитувам планината.

Као се чувствувавте на врвот на Еверест по тоа историско искачување по југозападната стена?
- Чувствував олеснување. Некои таа височина над 8000 m ја нарекуваат „зоната на смртта". Јас попрво би ја нарекол „зоната во која станувате живи". Но не живи како „таму долу", туку на едно друго ниво. Живи толку што сте во една друга димензија, го надвладевате своето его, не размислувате за него, дури ни за семејството ни пријателите, туку сте само вие и планината. И така мора да биде за да се вратите живи. Додека спиевме во таа снежна јама под врвот Еверест, Дагал во еден момент почна да се обраќа на нашиот пријател кој беше долу во базниот логор. Јас мислев дека полудел. А потоа во еден момент ми се причини како моите две стапала се обраќаат едно на друго. Левото рече, нешто во стилот „не можам никако да се загреам", а десното врати „па помрдни ги прстите". Тоа е така, како да сте во една сонлива состојба, како навистина да можете да излезете надвор од себе, и како некој во сон да ви кажува што да направите. Низ тоа се поврзува и тој синдром кога алпинистите на големите височини чувствуваат присутност на некоја трета личност која и насочува и како да внимава на нив, што не тешко на да се објасни и веројатно е последица на недостигот на кислород во мозокот.

Интервју од Ведрана Симичевиќ  / Преведе: Никола Андоноски

08 Декември 2012

За авторот