Пластикмен 2 – Болдеринг во пријатна предновогодишна атмосфера
Како фино заокружување на активната година секогаш доаѓа натпреварот во болдеринг Пластикмен кој оваа година се одржа во супер расположение и заинтересираност од страна на оние кои се во фаза на запознавање со овој спорт но и со спортските качувачи кои подолго време тренираат и спортуваат.
Изминатава сабота на 20 Декември 2014 се одржа последниот болдер натпревар за оваа година, PLASTICMAN2, во организација на СКК Вардар – Скопје. Овогодинешното издание на овој предновогодишен пријателски и „отворен за сите“ болдер меч помина во одлична спортска и натпреварувачка атомосфера и 27-мина натпреварувачи !
По натпреварот следеше и церемонија на прогласување и доделување на награди, каде што покрај победниците од PLASTICMAN2, беа доделени и наградите на најдобрите во државната лига на МСКФ како и прогласени и наградени Најдобрите Качувачи на Природна Карпа во 2014 според ранг листата н 8а.nu под покровителство на МСКФ и Вертикал Спорт!
Погледнете го видеото од настанот
РЕЗУЛТАТИ:
Категорија – СПОРТСКИ КАЧУВАЧИ
МАЖИ:
I место – Марио Минчевски СКК Вертикал -Битола
II место – Горазд Николовски СКК Вертикал -Битола
III место – Марјан Киндалов СКК Екстрем -Скопје
ЖЕНИ:
I место – Маја Петровска – СКК Ектрем Скопје
II место – Анастасија Смилјанова – КК Астибо Штип
III место – Елена Ивановска – СКК Вертикал Битола
Категорија – РЕКРЕАТИВЦИ
МАЖИ:
I место – Лазар Банов
II место – Владимир Ѓеоргиевски
III место – Мартин Ѓеоргиевски
ЖЕНИ:
I место – Нина Маркудова
II место – Емилија Лазарова