Наслов

Баланс на тесната трамболина

Од 2010 признаен како компететивен спорт, а од секогаш (читај 70тите) познат како начин за добра забава, вежбање баланс и фитнес апгрејдување, танцот на она тесно еластично парче ткаенина може да биде медиумот кој ќе ве натера да се опуштите и верувате себеси.

Слеклајнингот (Slacklining) претставува вежбање на баланс на тесно парче најлонска или полиестерска ткаенина која е всидрена на два краја (најчесто дрва). Овој вид на спорт и забава се разликува од одењето по цврсто затегнато јаже, бидејќи тука станува збор за подинамична пракса. Линијата е поширока од јаже, таа е растеглива и еластична, нешто како многу тесна трамболина и дозволува на неа да се прават разни акробации, балансирање па дури и јога.

На видеото, Џош Гринвуд ја појаснува целата магија на тесната еластична линија, вербата во себе, симетријата, опуштањето на умот и убавината на слободата.

17 Јуни 2013

За авторот