Тренинг за брзинска издржливост

Еве како изгледа еден наш двочасовен дневен тренинг, спакуван во неполни три минути, кој што ја подобрува брзинската издржливост и е дел од базичната подготовка. Уживајте!

Секогаш на почетокот се загреваме со 2км трчање во зависност од тоа дали тренингот е должински или брзински тренинг, после истрчаните 2км следи вежби со препреки, техника, и добро истегнување и откако добро ќе се загреат и истегнат мускулите доаѓа главниот тренинг.    

На овој видео материјал, главниот дел од тренингот се состои од 150 метри спринт трчање од 6 до 12 повторувања, во зависност од тоа, кој атлетичар за што се подготвува од неговата дисциплина, и секогаш на крајот следи лесно истрчување, за да се опуштат мускулите од напорниот тренинг.