Ајде да учиме скијање во Богданци

Без разлика што Орландо се наоѓа во центар на сончевата Флорида, во овој град си постои зимски центар во кој нон-стоп имате можност да учите скијање на направа која е буквално иста како и фитнес траката за трчање во затворено. Е сега, знаеме дека Бугданци не е Орландо, ама муабетов ни беше дека направава за учење во затворено може да се најде секаде и да биде од корист на голем број почетници и ски-инструктори…

Траката е доволно широка да се направат соодветни завои без разлика дали сте почетник или можеби малку напреден, а брзината исто така се регулира во зависност од нивото на кое се наоѓа ученикот. 

Поволна е и за скијачи и за бордери а движењата, поставеноста на телото и техниките кои се учат на ваквиот артефициелен ски терен се буквално исти како и на убавите зимски снежни падини. Се разбира, ова е само добра можност за учење на основата и загревање пред преоѓање на вистинското уживање.

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија