Наслов

25 годишен јубилеј од првото македонско искачување на Монт Eверест

При еден разговор со Сашко Кедев и двајцата напоменавме дека оваа година е јубилејна од првото Македонско искачување од Монт Eверест на 10 мај 1989 година кога на врвот застанаа шерпасите Сонам и Аѓива, Стипе Божиќ, Димитар Илиевски - Мурато и Виктор Грошељ.

Сашко Кедев е третиот македонец што се има искачено на Монт Еверест воедно прв кој ја има повторено искачената насока на Мурато, од јужната страна. Доволен податок зошто е и иницијатор на оваа прослава. Еве ја и мојата приказна зошто и јас.

......Некаде пред Лобуче на 4900 м.н.в е местото каде што Јован Поповски водичот на експедицијата 1989 Моунт еверест има поставено спомен плоча во 2006 година во чест на Димитар Илиевски Мурато. Таму се сите што ги имат загубено животите на планината.

Приказната: Непал, Хималаи 2010 година (април-мај) се доближувам до споменикот на Диме,  Јован е веќе во елемент и двајцата шерпаси и другите членови од нашата трекинг експедиција се тука. Ги поставуваат молитвените знаменца и пред да почнам да помагам се поклонувам пред споменикот. Го спремаме споменикот и за уште една плочка да поставиме, претходно да му одадеме почит.....

Во Јован гледам како капетан на брод кој никогаш не се откажал од својата екипа, после толку години тој е повторно тука да му одаде почит, а претходно го има подигнато споменикот во 2006 год.

.......Чекор по чекор, сè е бело на Церипашина, мојот прв зимски курс 1996 година. Тргнати сме кон горна Лешница, Костантин Циривири, Борче Јовчевски и покоен Влатче Боцевски. Три инструктори, три ученика .. едниот се откажа на половина пат од Церипашина и се врати на Попова шапка и останавме два ученика. Стигнавме до куќичката на Церипашина, немаше видливост за одење понатака за Горна Лешница и се спремивме внатре за ноќевање........

......Пред кратко време се јави Циривири од Церипашина додека јас бев во Базел Швајцарија и ме потсети на првиот курс. Имаше ветер и не го чув доволно на врската, но разбрав дека ми кажа за некој што тој ден одел на тура со него и му го раскажал моето искуство на првиот зимски курс..ништо посебно, но специфично беше дека бев со едно ќебенце и преживеав.

.........1996 година додека се сместив да преноќам помеѓу Влатче и Борче вечерта Влатче почна да го прашува Борче за експедицијата 1989 година на Монт Еверест. Борче раскажа многу детали благодарение на прашањата од Влатче. А кој би можел да раскаже подобро кога тој е човекот што бил со Диме до јужното седло на 8000 на Еверест. Прв зимски курс и првиот контакт со експецијата од 1989 година. Циривири успеа да биде мост помеѓу две генерации на алпинизам благодарение на него се доближивме до таа генерација од хималајските експедиции и од сите нив можевме нешто да научиме, особено 1997 и 1998 година каде што имав прилика да бидам член на подготовките за експедицијата која се подготвуваше да оди на Еверест со цел да проба да го најде телото на Мурато.

Како 20 годишник ми се овозможи голема прилика, за жал не успеа да се реализира идејата, но подготовките од таа експедиција 1997 и 1998 година за тој проект ми го променија животот.

Се вклучив на тие подготовки благодарение на Циривири, а таму учев од најдобрите.

.........На симнување од Лобуче, еден дел го одев сам и се одвоиме во три групи, двајцата шерпаси беа пред мене тргнати, и поминувам покрај споменикто на Диме и уште еднаш се поклонив - Збогум пријателу.

Ете на кратко и мојата приказна воедно зошто иницијатор на јубилејот 25 години од Еверест.

П.С. Почеток на Јуни во Скопје помегу 1 и 3-ти ќе биде одржана прославата од 25 години Монт Еверест, Стипе Божиќ и Виктор Грошељ како членови на тогашната експедиција веќе го потврдија учествотот на овој јубилеј. За повеќе информации за тоа каде во Скопје и точен датум на манифестацијата ќе ве известам накнадно. Сите членови на сите експедиции, не само Еверест се поканети воедно и сите што дале допринос за експедициите ќе бидат дополнително известени.

Воедно погледнете го и снимениот материјал од нашата трекинг тура на Хималаи. Споменикот на Диме..Калапатар, базен камп на Еверест и Ајланд пик. Истата тура во 2011 година ја помина и синот на Димитар Илиевски,  Јонче Илиевски.

29 Март 2014

За авторот