Ашима реши 8C болдер проблем

И со ова, малата Ашима Шираиши со потекло од Јапонија а родум Америка стана првата девојка, а воедно и најмладиот човек што има качено болдер проблем од овој ранк. 

Во изминатиот викенд во Јапонија, за време на незиниот распуст 14 годишната Ашима која веќе одамна е влезена во професионалните качувачки води успеа да ја качи претпоследната оцена од болдеринг скалата за тежина – 8C и со тоа таа стана првата девојка, а воедно и најмладата личност што успеала да го направи тоа. 

Моментално на болдеринг скалите постојат проблеми со тежина од 1А до 8C+, а подвигот на Ашима е за само една скала „полесен” од најтешкиот во светот. Ако евентуално се прашувате колку би можело тоа да биде тешко, тогаш прашајте некој спортски качувач или отидете да пробате да фатите малку болдер во некоја вежбална. 

Овој успех младата Ашима успеа да го постигне на болдерот Хоризонт на планината Хиаи во Јапонија, а со ова таа не само што влезе во самиот врв на спортско качувачката елита, туку успеа да биде и прва девојка која качила спортско качувачка насока со тежина 9a+ (на нејзини 13 години) и болдер 8C+, оваа година. 

„Таа е една од најталентираните спортски качувачи кои сум ги видела” – изјави Лин Хил – своевидна интернационална качувачка легенда. 

Повеќе читајте на Нат Гео

Следете ја малата на Инста

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија