Спорт

Она чувство кога касниш, но сепак мора да се одбележи тренингот!

Сем Антаматен е про-скијач кој е израснат на падините на Матерхорн и околните алпски врвови близу Цермат каде покрај убавите снежни падини, типчето има и доста природно креирани елементи за неговата високо адреналинска забава. Глечери, пукнатини, мразови и останати зимски формации се само дел од неговото секојдневие... 

Поттикнати од неколкуте несакани ситуации кои се случија овој викенд на Шар Планина и сакајќи да ги потенцираме важностите на поседување правилна опрема и знаење за нејзино користење во зимски услови на планина, пробуричкавме на нет и Ви ги сервираме неколкуте видеа на Гленмур Лоџ (Национален аутдор тренинг центар од Шкотска) каде инструкторот Марк Чедвик на убав шкотски акцент ќе ви ги објасни сите потребни елементи за сигурно движење во зимски услови на планина и користење на основната техничка индивидуална опрема. Одлично парче интернет едукација за сите почетници но и за потсетување на знаењето и на сите останати. 

Со желба да дознаеме нешто повеќе за планинското трчање, поконкретно за ултрамаратонските дистанци на планина како една од нејзините омилени активности во природа, се најдовме и поминавме еден ден со Тања Пенева Здравева - член на македонскиот клуб ТРЕКС и долгогодишен љубител на треил трчањето. Откријте нешто повеќе за убавината во овие аутдор активности кои несомнено претставуваат исклучителен предизвик за секого...

Acro Macedonia како еден од најстарите параглајдинг клубови во Македонија, покрај класичните курсеви, нуди и freestyle курсеви за понапредни пилоти.

Во текот на викендов, членови на Алпинистички Клуб Матка и Алпинистички клуб 8 - АК 8 од Скопје, реализираа неколку работни содржини во рамките на практичниот дел од испитот за соодветни алпинистички називи во рамките на Македонската Алпинистичка Федерација.

Одлично изработена брошура на ФПСМ (ФЕДЕРАЦИЈА НА ПЛАНИНАРСКИ СПОРТОВИ ВО МАКЕДОНИЈА) која многу ќе ви помогне околу подготовката, правилата и опасностите при движење низ планина во зимски услови. За брошурата кликнете на сликата!!

Кој не сака да гледа Ски скокови? Веројатно не постои човек кој барем еднаш не одгледал докрај некое натпреварување во овој спорт. Освен што очигледно е потребна неверојатна храброст, сте се запрашале ли некогаш како изгледа тренингот на овие луѓе и што се тој опфаќа?

Да бидам искрен, овoј текст го имам пишувано во главата барем едно 50 пати додека сум возел точак. Најчесто после деловниот состанок што ќе го направам со самиот себе и една расправија пак со самиот себе ќе дојдеше на ред текстот што ќе го напишам за Karas откако ќе станам Ајронмен. Некако после сѐ што ми се случи, ме напушти желбата за пишување на текстов, ама вчера ми стигна имејл од луѓето од организацијата на Ајронмен трката на која бев, она скроз америчка прикаска, демек сега ја знам стазата, па да се пријавам пак за догодина и да имам супер резултат. И нив им вратив и онака си кажав што ми лежеше на душа, па некако тоа ме окуражи и тука да си кажам што како беше.

Facebook