Наслов

Возењето велосипед го намалува ризикот од срцеви болести и канцер

Сакате да живеете подолго? Да го намалите ризикот од развој на канцер? И болести на срцето? Тогаш одете на работа со велосипед.

Една неодамнешна студија покажа дека употребата на оваа алатка со две тркала го намалува на половина ризикот за развој на рак и срцеви заболувања.

Петгодишната студија, која вклучува 250 илјади Британци, покажа дека одењето има многу повеќе бенефити и предности, отколку да седите во јавен транспорт или да возите автомобил.

Во текот на студијата се споредуваат луѓето што биле активни за да стигнат до работа во споредба со оние што биле неподвижни поголемиот дел од времето во текот на одењето до работа.

Од сите лица кои биле вклучени во студијата, 2430 од нив починале, 3748 биле дијагностицирани со рак и 1110 имале проблеми со срцето.

Во текот на студијата, научниците откриле дека возењето велосипед дефинитивно го намалувало ризикот од смрт од било која причина погоре и тоа за 41%, од рак за 45% а од срцеви заболувања за 46%.

„Ова е точен податок кој покажува дека луѓето кои патуваат до работа на активен начин, особено со велосипед, се помалку изложени на ризик од вакви заболувања”, вели д-р Џејсон Гил за BBC, кој е професор на Универзитетот во Глазгов.

Велосипедизмот се смета дека е подобар од одење, бидејќи е поинтензивна физичка активност.

29 Април 2017

За авторот