#BRIDGETHEGAP - THE STORY

Светските колеги на Skopje Night Running

Ако не сте ја начекале скопската група нинџи кои трчаат во текот на ноќта, тогаш не сте трчале во Скопје ноќе. Нашиве се претставуваат како SNR (Skopje Night Running или Скопско ноќно трчање), а на нет налетавме на приказната за уште дузина вакви групи од градови како Амстердам, Лондон, Њујорк и Цирих кои се групираат со истата позитивна цел и причина, да се трча во група е кул. 

Тие се ноќни птици. Се собираат на трчање единствено навечер а претставуваат луѓе од различни сорти. Некои се дефинираат како професионални атлети, некои се почетници, а има и од оние кои што никогаш не трчале, а сега им дошло желба.

Важно е што и нашите од Скопско ноќно трчање и овие од разните ќошиња на планетава се инспирирани од истата филозофија и идеја за користење на урбаната џунгла како нивно место за тренинг. Тие претставуваат своја меѓусебна инспирација и имаат одговорност да се грижат за секоја единка во групата со тоа што помагаат во неговиот прогрес без разлика на неговото ниво. 

Ако немате другарче за вашиот џогинг, приклучете се, нема да ве одбијат..

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија