Слепиот скијач

Инспиративна приказна за Донован Тилдесли кој е слеп од неговото раѓање, нешто што не ги спречило неговите родители да го однесат на скијање уште на двегодишна возраст и да ги срушат сите граници на предрасудите. Да, Донован е целосно слеп, но тој скија со неговото тело, со неговите чувства и душа. 

Бидејќи за прв пат се сретнал со скијањето на мала возраст тој успеал многу рано да да ја совлада вештината и да ужива во планинските убавини без разлика на неговата состојба. Единствената разлика која ја има Донован во однос на било кој од нас скијачите кои гледаме е тоа што тој скија со помош на водич.

Во развиените земји оваа практика е целосно развиена и постојат голем број на асоцијации на слепи скијачи заедно со сертифицирани водичи за помош на истите. 

Издвојуваме: 

„Планините се чувствуваат со целото тело. Не мораш да видиш за да почитуваш било каква убавина.” 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија