Наслов

Што најлесно ќе ве натера да вежбате?

Ако имате потешкотии редовно да почнете со практикување на некој спорт, рекреација и вежбање тогаш дефинитивно ви фали мотивација, а најдобрата мотивација ќе ја најдете во кругот на пријатели, познаници а можеби и тотални странци кои се на истата мака како и вас. 

Досега имаме опфатено една ваква статистичка студија каде преку еден од апликациите за следење на фитнес активностите се покажа дека луѓето најчесто се активираат на спорт и рекреирање заедно со нивните пријатели, но тука станува збор за тоа како само информациите добиени од активностите на одредена група на луѓе влијаат врз мотивирањето на човекот.

Во еден мини експеримент половина од испитаниците (вкупно 217 студенти од еден универзитет) беа ставени во „вмрежена” интернет група (со помош на нивните мејлови) преку која што секој од нив добива порака кога некој од другите присуствува на некоја спортска активност на ниво на колеџот. Другата половина на испитаниците пак на мејлот добивале само едноставни мотивациони пораки.

Со ова „вмрежување" испитувачите сакаа да го стават на тест потенцијалот на мотивирањето на луѓето преку дознавањето за активностите на другите во споредба со испраќање на обични мотивациони пораки кои ги добивале другата половина на студенти. 

Во текот на 13 недели секој од првата група на испитаници добивал е-пошта со активностите на другите во групата, а интересно е тоа што идентитетот на личностите бил скриен. Кога секој од овие луѓе ќе постел некоја од спортските активности, информацијата била испраќана до сите останти од групата. 


СИГУРНО ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА - РЕДОВНОСТА Е КЛУЧОТ ЗА ДОЛГОРОЧНА ФОРМА


Резултатите покажале дека вмрежената група на испитаници покажала стабилно и редовно покачување на посетата на спортските активности за разлика од оние кои само примале е-пошта со едноставни мотивациони пораки, а најинтересното е тоа што никој со никого не се познавал. 

Испитаниците велат: „Потребно е да ги ставиш луѓето во правата социјална околина кадешто тие ќе можат на некој начин да комуницираат и да се стимулираат. Дури и анонимна социјална интеракција ќе допринесе до промени во однесувањето.” 

14 Октомври 2015

За авторот