Сефте сноуборд сезона на мое другарче

Како идеше онаа „Прле се учи, а не магаре”, епа „магарево” упорно, ама и го бива. Прва сноуборд сезона на Леон, 10ти ден на снег, време дојде и Церипашина да биде на мени. 

Иако скијач по зимска вокација (патем и јас се научив на стари години) во последниве неколку години активно и пасивно учествував во самоукото стекнување и совладување на сноуборд вештините на двајца мои другари кои реално, многу бргу се снајдоа со нозете врзани за даска. 

Прв беше Гочка кој за брзо време го совлада бордот и праевме едно сефте на Церипашина, па еве го и Леон на кого му е прва сноуборд сезонаа и за некои 10-тина скијачки денови веќе одлично се снаоѓа на табано, на рамно, на стрмно па чак и во длабоко.

Идејата на видеово не е да се фалиме колку брзо научи или слично, туку да окуражиме и мотивираме што повеќе луѓе кои сакаат да започнат со практикување на некаков спорт, особено за скијање или борд кои не се баш лесни за совладување.

Муабетот ми беше, ако се има желба, работите се учат со светлосна брзина.