Превземен текст

Последното трчање на Џим

Оваа несекојдневна фотографија кажува многу за Џим Кели, А уште повеќе за трчањето.

Мојот пријател Џим почина овој месец додека ја правеше најомилена работа – да трча. Автомобил го удрил додека ја преминуваше улицата.

Џим беше одличен, беше несебични. Тој секогаш се рангираше во првите три места во неговата возрасната група во 90 % од натпреварите. Сакаше да трча, повеќе од било кој што го познавам. Сакаше да помага и на другите.

Тој беше на секоја трка и го поткрепуваше секого. Тој често ги оставаше своите цели, за да им помогне на другите да ги постигнат. Ако тој трчаше само за себе, тој ќе беше многу побрз.

Тој беше првиот човек кој испраќаше мејл за да не поздрави по трка и да каже дека сме биле на ниво. Џим уживаше да трча, но повеќе сакаше да им помага на другите да го прават тоа.

Тоа го сваќам, кога ја гледам оваа фотографија од поворката на Џим, како го придружуваме до  неговиот последен дом.

Џим не беше суетен. Тој уживаше да носат фармерки и маица. Тери – неговата сопруга, ни рече да дојдеме на погребот облечени за трчање. Така и Џим ќе биде погребан, рече таа. Дојдете во хеланки или шорцеви за трчање. Носете патики.

Јас бев еден од луѓето кои го носеа ковчегот на Џим. Кога дојде време да тргнеме кон гробиштата, менаџерот на погребот даде идеја. Гробиштата се само на километар од тука, рече тој. Наместо да дојдете со автомобили , следете не со трчање.

Тоа беше генијална идеја .

Во средата, кога ние од клубот Grand Rapids Running Club сите заедно бевме во поворката, направивме за првпат трчање говорејќи еден со друг. Ние се смеевме и зборувавме за безбол и политика. Тогаш, некој одлучи да го зголеми темпото и сите го следеа.

Додека трчавме зад Џим , јас бев во првите редови на групата и слушав луѓето како се смеат и зборуваат.

Тоа беше последното трчање на Џим. Тоа беше последен пат за Џим – и тоа беше токму тоа што тој би посакал да го има. Секој уживаше во пријателството. Џим знаеше дека тоа е најубавото нешто на планетата.

Како тркачи, ние се погриживме не само за љубовта на Џим кон трчањето, но и за духот кој тој го носеше. Кога некој нов тркач доаѓаше кај нас, Џим беше првиот човек кој го поздравуваше. Тераше да се чувствува како дел од тимот.

Џим беше полн со стаст, но тој беше подготвен да го жртвува тренингот за да им помогне на другите.

Тој ќе охрабрува некој кој може да истрча само половина километар. Иако Џим можеше да истрча 50.

Тој ги охрабруваше членовите не само заради трчањето, но и заради нивната формата, и за пријателството што трчањето го создава. Тоа е најнеповторливото својство на трчањето.

Можете да го видите сето тоа на сликата со тркачите наредни зад погребалната кола на Џим која што одеше кон гробиштата. Сликата покажува лојалност кон еден брат, кој штотуку исчезна. Без разлика дали ти си во елитата, олимписки тркач или последниот човек кој завршува на целта, ние сме поврзани.

Трчај во мир, Џим

Текст на Џејсон Андерсен

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија