Пензионери – рекордери

Дедовциве и бабиве не се рекордери во број на различни лекарски рецепти што ги ќаруваат од општиот, нити пак во правење досадни муабети, него во своите возрасни категории на 100 метри спринт и други атлетски дисциплини. 

Реткос е на наше тло да се видат пензионери со над 80 години кои сè уште имаат можност да бидат активни и спортуваат било каква дисциплина. Секоја чест на исклучоците кои мораме да признаеме дека ги има, но со оваа статија сакаме да поттикнеме што повеќе вакви пензионерски ликови да ги практикуваат некој спорт, барем на рекреативно ниво. 

САД е огромна држава и има толку многу луѓе што на годишно ниво се одржуваат Националните Сениорски Игри каде луѓето над 50 години се натпреваруваат во различни спортови и дисциплини. Но, тие не само што учествуваат во овој настан, туку и рушат рекорди, поставуваат најдобри времиња во старосните групи и феноменално се одржуваат во активен живот.

Оваа година Минеаполис беше домаќин на околу 12000 пензионери кои се натпреваруваа во атлетика, пливање, тенис, голф, куглање и други спортови. 

Извор

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија