Новак осамна во анимираниот филм „Ајде!”

Дипломската работа под наслов „Ајде!” на Полјакињата Зузана Сузак која е графички дизајнер и аниматор, повеќе од сигурно е дека ќе побуди интерес надвор од академските кругови на универзитетот за уметност во Лондон, каде и самата студира.

Таа го објави првиот анимиран биографски филм во чест на Новак Џоковиќ во времетраење од 6 минути, во првата недела од Вимболдон. Макотрпната работа од шест месеци се состоела во собирање на најразлични материјали, видеа и читање книги за српската тенисерска ѕвезда за да се долови автентичноста на ликот.

Останав без зборови заради ова видео!  Си припомнав за многу важни моменти во својот живот што ми ги наполнија очите со солзи. Почестен сум, и трогнат од ова дело! Зузана пред тебе се сјајни успеси, нема сомнеж. Благодарам за ова видео ” напиша Новак на својот ФБ профил.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија