Силата што повторно го крена на нозе

БМХ бајкерот Курт Јаегер (Kurt Yaeger) по несреќата со моторцикл што го снаоѓа во 2006 година освен што се здобива со многубројни повреди, му ја ампутираат и ногата од коленото надолу. Погледнете како нему му успеа да се врати во живот, уште посилен од предходно…

Тој успева да се покрене и да се врати на поранешниот стил на живот со помош на својата упорност, инвентивност и волја за екстремен и динамичен живот…

Инспиративната приказна на Курт Јаегер не почнува по незгодата, но тогаш ги преоѓа сите граници на упорност и посвестеност, како што претставува и пресвртница во неговиот живот кон подобро.

Oсвен што продолжува да вози тури и да се натпреварува на БМХ натпревари, има успешна актерска кариера, добри спонзори, а пропратно има продукциска куќа, волонтер е во неколку организации и главен човек на комитетот во Лос Анџелес за локални актери со инвалидитет (AFTRA).

Неговата приказна е инспирација за спотот на бендот Рудементал, каде прилично реално е прикажано неговото опоравување, а главен актер е самиот Курт и неговите пријатели.

Според него, за време на опоравувањето, она што го движело напред е мислата која што го води секој велосипедист од овој тип… ”што можам да направам за да ги поместам своите граници?”. И покрај лошите моменти, мрачните мисли по 30 операции, 4 месеци поминати во болница и уште 6 пред да стане од кревет… тој го бира животот!

Почнува позитивно да размислува што може да подобри кај себе, ја има поддршката од фамилијата, пријателите, а подоцна и од спонзорите кои се спремни да му помогнат со многу иновации за да се врати во форма и да продолжи со возењето БМХ.

Прво се качува на истиот моторцикл со кој ја доживеал незгодата, а потоа пробува и со точакот… На почетокот, единствено се трудел да ја зачува ногата на педалата на било кој начин, дури и да ја лепи со лента. Подоцна ја открива магнетната педала и специјално изработени патики со магнет на површината. Сепак, поминува одреден период, многу тренинг и паѓање додека педалата, патиките, специјалниот БМХ, протезата и изведбата на Курт достигнат едно солидно ниво.

Тој е моментално број еден адаптиран БМХ-ер во светот, а учествувал и во X Games 16 и X Games 17.

Исто така, во 2012 го викаат да тренира со тимот на Параолимписките игри од САД во Боб санки и Скелетон.

Тука можете да прочитате интервју со Курт Јаегер од SkillPages.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија