Група – ракометни пациенти

Шуш буш и слуховите ни се потврдија. Поинаку од стандардното вртење баскет и мал фудбал, начекавме група дечки, самонаречени „ракометни пациенти” и решивме да ги снимиме со цел да му дувнеме во едра на аматерскиот и рекреативен ракомет кај нас. 

Овие дечки се оние на кои што им прекипело од останатите спортски собиранки и решиле спонтано да се пробаат на хандболче. Сепак профи ракометот си држи ниво кај нас, но ретко е да познавш аматери што љубат да ракометкаат два пати во неделата редовно, и тоа со судии и гезмиња по правилото „губиш – плаќаш”.

Кумот на целава работа се вика Кире, а двата спротивставени табори се компактни групи составени од бивши спортисти, ракометари и залутани ентузијасти. Партали летаат од здрава борба секој вторник во СЦ Борис Трајковски, а четврток во СЦ Јане Сандански.

Табор 1 најчесто е во состав: Горан (голман),Кире, Фока, Димче, Аце, Славчо, Ричард и Ристе а Табор 2:  Аце (голман), Крешо, Џоле, Бошко, Игор, Баже, Гоце, Диме

Дечки продолжете така, karas4training.com ја имаше честа да биде ваш гостин.

 П.С. Останавме неутрални во текот на целото снимање.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија