Oднесувај се помладо, чувствувај се помладо

Ајде вака. Пуштете си некоја ваша омилена музика, или еве музикава од видеото и почнете да играте на неа како да сте 20, 30 или колку и да замислите години помлади. Во превод, „ајде да ги баталиме годините”.

Во 1981 година на Харвард, професорот по психологија Елен Лангер направила еден многу интересен мал експеримент. Група од 70 годишни мажи и жени во период од пет дена биле преместени од нивните домови за привремено да поживеат во домови кои биле опремени и дотерани како во 50-тите години, со истите музики на радио, истите магазини и списанија за читање, црно-бел телевизор т.е. исто како пред нивни 30 години. 

Луѓето биле донесени и им било посочена една едноставна работа. Да се облечат во облеката од тоа време и да си играат 30 години помлади. 

Откако минале петте денови им биле направени серија на тестови преку кои се докажало дека сите некако се чувствувале малку помлади. Дел од нив имале наводно подобрен вид, дел биле пофлексибилни и подобро се чувствувале, а некои и биле поспретни во извршувањето на обврските. Студијата била мала и никогаш не била објавена, но денеска дефинитивно има научна поткрепа која вели дека доколку се однесуваш помладо, и вашето тело ќе биде помладо.

Во контекст на муабетов еве го и видеово (инспирирано од студијата) кое патем е реклама за крема за лице (не знаеме само колку таа подмладува), но идејата позади концептот е таа – „Не се однесувај на твојата возраст, туку однесувај се на возраста на која што ти сакаш.”

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија