Бубало бут камп во Свети Наум

Втората приказна за Бут Камп со Елена Бубало од Микс Аеробик Екстрим помина со моменти и случувања за паметење.

Бевме во Охрид, избегавме од топлите денови, но овој пат Охрид во друга димензија. Активности еден цел куп, за сите да можат да уживаат во она што го сакаат. Војничкиот режим им одговараше на сите, почнувајчи со будење во пред 6 наутро и по 3 различни тренинг активности во текот на еден ден.

Утрата на изгрејсонце ги почнувавме со јога за будење и тоа скромно на плажа со поглед кон синото езеро, тивко, исполнето само со звуци од природата околу Свети Наум.

Саботата повеќето од учесниците во своите нотеси запишаа уште едно постигнување, врвот на Галичица, Магаро со надморска височина од 2255 м. Времето нè засака од самото поаѓање па да се пофалиме и со незаборавниот поглед од едната страна Охридско а од другата страна Преспанско езеро. Малку ни беше тоа па штом се одморивме, хидратиравме и освеживме на достигнатиот врв како награда имавме 30 мин медитација и јога елемнти.

 

Може помисливте дека денот со активности после планинарењето завршил, но Елена тоа тешко го дозволува. Протеински ручек, пладневен одмор и зелената површина околу комплексот Св. Наум веќе беше подготвена за вечерниот тренинг. Цел 1 час заедно со проф. Лазар Иванов пробавме да ги размрдаме и оне мускули кои останаа поштедени.

Недела ден за одмарање, но не и за нас кои повеќе го сакаме активниот викенд. Па повторно почнавме со јога будење, тоа значи уште во утринските часови мускулите и организмот беа спремни за остатокот на денот.

Ниеден камп, па ни нашиот не смееше да помине без забавен дел. Малку го потценивме, помина низ разлчини друштвени игри, а заврши со страшни мускулни болки. Влечење јаже, скокање во вреќи, малку отежнато танцување, ползења, трки и предлог вежби на учесниците.

Да не се пожалат дека биле во Охрид, а не се избањале и брцнале во езерото, ги почастивме дури 2 слободни часа да можат и пливањето да го стават во викенд извештајот.

Последниот тренинг беше изненадување, собрани на полјаната, сите изморени со последните исцрпени енергетски залихи чекаа да започне тренингот. Пуштив срце па истрчавме еден круг и трчањето продолжи во насока на летната тераса на комплексот каде не чекаше гласна музика, малку играње и затворање на овој камп.

Но не завршуваме тука. Повеќе од доволна инспирација за тоа како да го организираме третиот камп во Септември.

Ако се пронајдовте во некој сегмент сигурни сме дека ќе Ве има и Вас во следната фото приказна 🙂