Биди ултрахелти – биди UNBREAKABLES

Недоволната мотивација е сигурно најчеста причина зошто луѓето не вежбаат доволно и редовно. Исто така, често ни е мотив за редовно вежбање само губитокот на вишокот килограми и добриот изглед на нашето телото, па затоа и не размислуваме за сите други предности кои ги дава редовното вежбање.

Кога ќе станеме свесни за сите предности на редовното вежбање, би ни било многу полесно да сфатиме зошто е редовната физичка активност неопходна и нужна.
За подобро расположение – Без оглед на тоа дали сте бесни или тажни, вежбањето помага бидејќи при тоа се ослободуваат одредени хемиски супстанции во мозокот, кои делуваат на расположението. Вежбањето ја јакне и самодовербата, која е уште еден чекор кон подобар и здрав живот.

Заштита од болести – Многу хронични заболувања можат да се спречат со умерна физичка активност, а редовното вежбање има и силно дејство против срцевите заболувања и остеопорозата. Освен тоа, физичката активност ви помага и во контролата на крвниот притисок и холестеролот, кои, исто такса, можат да предизвикаат бројни здравствени проблеми.
Контрола на телесната тежина – Ова е за многу лица можеби најважната причина за почеток на вежбање. Со вежбањето побрзо трошиме калории и така губиме килограми, тоа сите го знаат, но луѓето често како изговор го наведуваат недостатокот од време. Ако сте навистина мотивирани, ќе најдете време, било да пропешачите пола пат до своето работно место, било да се качите по скали до својот стан, наместо со лифт, или да се разгибувате додека гледате телевизија.

Појако срце и бели дробови – Дали сте приметиле како останувате без здив кога се качување по скали? Тоа е исклучиво поради тоа што не вежбате, но сето тоа може дса се измени со умерена физичка активност од само пола час дневно.
Забава – Вежбањето навистина не мора да биде досадно, посебно ако се практикува во група. Тогаш вежбањето се претвара во друштвена активност и, како таква, е веднаш попривлечна и поприфатлива.

Затоа решивме да ви ја понудиме пролетната понуда на ултрахелти тимот UNBREAKABLES,. Тренинзите се вршат на Кејот на реката Вардар во населбата Ново Лисиче, Водно.

Понудата вклучува :

Тренинг за сила
Тренинг за агилност
Ексцентричен тренинг
Тренинг со отпор
Интервален тренинг
Тренинг без паузи за време на вежбањето

6 пати во неделата. Со самото запишување добивате 30 % попуст на 2000 денари члeнарина. Исто така вклучува и мерење на масти во телото за да се одреди соодветниот тренинг за секој поедниц и плус исхрана во зависност дали се работи за слабеење или зголемување на мускулната маса. Оние кои би сакале да бидат дел од оваа ултрахелти пролетна промоција треба само да го остават својот меил во инбокс на фан страната на Фејсбук @FITNESSANDCONDITIONALCOACH. Подетални информации ќе добиете после аплицирањето со вашиот маил.

Еве некои наши резултати од невозможна мисија претворени во ВОЗМОЖНА МИСИЈА !