Атлетски Охридски Маратон 2014 финиш на Кокан Ајановски

Ова се отприлика последните 2 км од Охридскиот маратон (30км).

 

Ова беше мое 4-то учество на оваа трка. Во минатото, на овој дел од патеката имав големи потешкотии да финиширам, а оваа година со најголема леснотија ги трчав последните километри, како сега да започнала трката. Причини за овој, за мене голем успех, има многу,а ќе набројам само неколку кои се можеби и најважни: љубов кон трчањето и спортот воопшто, здрава и правилна традиционална исхрана балансирана со HERBALIFE, паметно тренирање, соодветен одмор, масажа, позитивно размислување, благодарност.

1 час 55 мин 00 сек (мој личен рекорд) доволно за 1 место во конкуренција на македонски атлетичари и 5 место во вкупен пласман.