Алберт Азарјан алиас „Господар на прстените“

Арно им текна на crossfit.com да ги информираат новите поколенија на фристајл спортисти, кросфитери, урбани бар и паркур гуруа дека некаде таму пред многу години во соколаните (на дедо и прадедо фитнесот), се случувале чуда и се удирале здрави темели на спортот!

Севан Матосиан и Мат Краутструнг направија одлично кратко видео за Алберт Азарјан гимнастичка легенда од Ерменија која во времето на студената војна висеше на карики под советско знаме и занавек го запечати своето име правејќи го Крстот на уникатен начин (подоцна познат како „Крстот на Азарјан“) и освојувајќи десетина златни и сребрени медали на олимпијади и светски првенства.

Роден во Азербејџан во градот Ганџа како дете на 17 години присуствува на гимнастичка егзибиција на ерменски гимнастичари во неговиот роден град, каде по крајот на нивната изведба се качува на справите за да се проба. Веднаш е забележан неговиот талент и е поканет да се пресели во Ереван, главниот град на Ерменија во тоа време во склоп на СССР.  Приказната во видеото е настанокот на „Крстот на Азарјан“, каде интересните анегдоти ќе ви ги раскаже токму Алберт, кој сега е управител на гимнастичка школа во Ереван која го носи неговото име.

за видеото, клик на камерчето

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија