30 чучњеви за влез

Апел до ЈСП да воведе нешто слично за да се размрда нацијава!

Во духот на кампањите за поздрав народ која се водат во Русија и како дел од ПР пакетот (олимписки промени) за Зимските Олимписки игри во Сочи 2014, луѓето што сакаат да купат карта за метро на станицата Виставочнаја (Vystavochnaya), во западна Москва, имаат опција да направат 30 чуњеви наместо да платат. Вистински креативна и позитивна замисла како да ја освестите својата милионска нација дека здравјето и физичката активност се во корелација и дека спортот не треба да биде само привилегија за олимпијците туку и секојдневие за секој човек.