Малку спринт никогаш не е на одмет

Додека во последно време сите нешто се свртени кон интервални тренинзи со висок интензитет, еве добра причина зошто едноставниот спринт не треба никогаш да се заборави.

Студијата која ја обработува оваа тематика (ефектите на тренинг со многу висок интензитет врз метаболичките маркери) направена оваа година, покажува дека еден продолжен спринт (до 30 секунди – што е во границите на брзинска издржливост) може да ја подигне сензитивноста на инсулин на клетките и да ја зголеми оксидацијата на масти.

Во малата студиска група, компарирани биле резултатите на десет мажи со прекумерна тежина што ги постигнале за време на еден продолжен спринт (ES – extended sprint) и една сесија на интервален тренинг со спринт (SIT – sprint interval training) односно 4 серии од 30 секунди спринт со 4,5 минути рекавери.

Резултатите покажале дека оксидацијата на масти се зголемува за 68% кај SIT, а за 38% кај ES.

Јасно, интервалниот спринт тренинг може да даде повеќе придобивки од еден единствен продолжен спринт, но понекогаш, доколку ве гази време, и еден таков продолжен спринт нема никогаш да биде на одмет.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија