Кое е типчето што истрча 1:06 полумаратон во смокинг?

Изминатиов викенд на полумаратнот во Куки, Јапонија – човекот по име Јуки Каваучи (истотака од Јапонец) го постави новиот Гинисов рекорд во истрчан полу-маратон во костум подобрувајќи го претходното најдобро време за дури 18 минути. На страна костумот, Јуки не е професинален атлетичар туку работи 40 часа неделно во владина администрација, а на страна од професијата, негово најбрзо време на маратон е 2:08 и некоја секунда. Ајде сега да читаме кој е Јуки. 

Уште познат и како „тркачот на народот”, Јуки Каваучи е роден на 5 март 1987 година во Јапонија, а во последните 5-6 години тој се смета за еден од спортските херои во државата поради неговата уникатна кариера која ретко кој на планетава би можел да ја одржи во баланс.  

Јуки е вработен со полно работно време во државната администрација на јапонската влада, а уште од дете тој сериозно се занимава со атлетика – најмногу по вина на неговата мајка која му била и своевиден тренер и мотиватор во овој спорт. Денес, тој нема свој тренер туку тренира сам и тоа во периодот после неговиот работен ангажман. 

Иако Јуки се води како аматерски тркач и не прима никаков надомест од било кои спонзори (не ни смее да има други примања надвор од неговата државна плата), тој има поставено фантастични резултати на светско ниво, меѓукои некои неверојатни времиња како 2:08 на маратонот во Сеул, многукратни 2:10 времиња и подиуми на разни други манифестации, 1:02 како најдобро време на полумаратон а минатиов викенд истрча 1:06 на полумаратонот во Куки и тоа во сако – своевиден нов гинисов рекорд во оваа дисциплина.

Ако погорниве времиња не се доволно импресивни, еве да прејдеме на наредниот момент каде Јуки се уште го држи најкраткиот период за истрчани два маратони со време под 2:11 (14 дена) – во превод – Јуки трча многу брзо, многу често. За полумаратони пак, наидовме на податок за истрчани три полумаратони во три последователни дена со времиња – 1:07:23, 1:07:03, 1:09:23.

Вакви елитни настапи и времиња врзувани во кратки временски периоди го прават Јапонецот доста интересен за анализа. Пример, во 2013 година тој се натпреварувал на 11 маратони, од кои 4 ги завршил со време под 2:10 што е малтене неверојатно и за нијанса подобрите маратонци од него.

Јапонците како нација се познати по строгиот менталитет и дисциплина откаде не случајно имаат произлезено овие резултати на Каваучи кој од неговото детство бил под строго менторство на неговата мајка која своевремено била исто така атлетичар. Јуки на негова 6 годишна возраст истрчал 1,5километри за 7,5 минути по што неговата мајка била импресионирана и оттогаш започнала со строги тренинзи со малиот – нешто што е сосема нормално во Јапонија.

Денеска (образложено малку подолго во текст на Runners World) тој се навраќа на казнените кругови кои ги добивал од неговата мајка доколку не успевал да го сруши неговото претходно најдобро време. Покрај него, неговите двајца помали браќа Тошики и Коки Каваучи се исто така атлетичари. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија