#СакамСпорт co Allga San - Комерцијален текст

Зошто возењето велосипед е толку добро за Вас!

Без разлика дали сакате да се одржувате во форма, да се грижите за здравјето или за животната средина, да бидете економични, или пак едноставно уживате во него, дефинитивно возењето велосипед е една од најдобрите работи што било кога ќе ги направите!

Возењето велосипед е здрава физичка активност која не бара голем напор, па затоа во неа можат да уживаат луѓе од сите возрасти, од мали деца до повозрасни луѓе. Тоа претставува една од најдобрите активности за подобрување на општото здравје и за одржување на кондиција.

Го зајакнува срцето, белите дробови и крвните садови, помага да се намали телесната тежина (и да се одржува вита става ☺), го намалува стресот, а воедно е забавно и добро за животната средина. Сѐ на сѐ, здравствените придобивки од возењето велосипед ги има навистина многу!

1. Добро е за срцето, бидејќи претставува одличен кардио-фитнес.

2. Ги зајакнува и оформува мускулите, особено во долниот дел од телото и задникот. 

Доколку сте почетник велосипедист, или пак сте професионалец кој напорно тренира велосипедизам, пред секој тренинг загрејте ги мускулите со масажа со Allga San Мобил гел. Овој интензивен гел за масажа е најдобар пријател на секој спортист и на сите оние кои водат активен живот, а е направен на база на природни состојки и оригинални етерични масла. Загревањето со Allga San Мобил гел ќе помогне за подобра искористливост на мускулите и ќе го намали собирањето на млечната киселина во нив, односно ќе го намали ризикот од мускулно воспаление.

3. Добро е за слабеење, затоа што ги согорува калориите и го забрзува метаболизмот, особено ако возите побрзо од обичното рекреативно возење.

4. Одлично е за менталното здравје и за намалување на стресот.

5. Го зајакнува имуниот систем и може да штити против одредени видови рак.

6. Добро е за координација. Движењето на педалите и раководењето со воланот ја зголемува координацијата на телото.

7. Ве прави среќни, и тоа е докажано. Возењето велосипед го поттикнува лачењето на ендорфинот!

8. Го зголемува либидото и желбата за секс!

9. Се смета дека со возење велосипед се продолжува животот, односно се зголемува долговечноста 🙂 

10. Возењето велосипед во друштво значи и повеќе време за пријателите, семејството, партнерот… и повеќе убави моменти за паметење.

11. Завршете го возењето велосипед со истегнување на мускулите, како и нивно опуштање со масажа со Allga San Мобил гел. Масажата со Мобил гел е исклучително ефикасна, полезна, релаксирачка и ароматерапевтска – за максимално намалување на болката и пријатно чувство на целото тело. Allga San Мобил гел – лесно се масира, длабоко продира и природно ослободува!

Наброивме неколку, но можеме да наброиме и уште мнооогу други причини зошто возењето велосипед е толку добро за Вас. Искористете ја сезоната до максимум, спортувајте, возете велосипед и релаксирајте се со Allga San, спортскиот пријател бр. 1!