Зошто единствено човекот руши рекорди?

Додека целото останато животинско царство стагнира во своите перформанси, човекот низ текот на времето постојано се надминува и станува сè подобар во своите резултати. Феноменот е комплициран, а само делче од причината отпаѓа на некакви биолошки фактори.

Во 1954 година Роџер Банистер го направи она што тогаш се чиенеше невозможно во полето на спротот. Тој успеа да истрча една милја (1,6 км) за помалку од четири минути (3:59,4), нешто што и ден денес се смета за стандард во професионалната атлетиката. 

Она што испадна пошокантно од рекордот на Банистер беше тоа што за само шест недели рекордот беше срушен и сè до 21от век тој продолжи да биде соборуван од разни атлетичари низ светот. Во овие 50 години рекордот на една милја беше намален за цели 17 секунди, а конкретно денеска тој го држи Хишам Ел Геруж од Мароко кој го постави во 1999 година. 

Додека човештвото во текот на времето успеваше да поставува нови и нови рекорди на сите можни полиња, не само во спортот, интересно е тоа што животинското царство веќе долго време (со векови) стагнира на одреден лимит во своите можности. Конкретно, земено е испитување на брзината тркачки коњи и кучиња која веќе долго време има статус кво.

На ова се поставува прашањето, зошто и како, само луѓето успеваат константно да се надминуваат себеси, а тоа не е случај и со животните?

Во игра влегуваат многу различни фактори кои го градат целиот феномен, вели Питер Вејдан, професор по физиологија и биомеханика. Тука се малите работи како составот и разликата на самата подлога на која се трча (тартанот) од времето и денешницата, потоа разните витамини, начинот на исхрана и опремата, но овие ситници би можеле да намалат само неколку секунди во корист на денешницата. 

Вејдан вели дека многу поважна причина за овој феномен е големата и силна конкуренција која што се набива во разните спортски дисциплини, комбинирана со ефектот од големите финансиски награди и технологија која што секојдневно расте и неминовно влијае врз резултатите. 

Најинтересниот дел со едната милја се случува токму во 1999 година. Оттогаш до сега, цели 15 години рекордот на Геруж седи на тронот и ниеден атлетичар нема успеано да го собори. 

Можеби човештвото го има постигнато својот биолошки лимит кога во прашање е едната милја, а професорот вели дека е интересна коинциденцијата на периодот на поставување на рекордот со времето кога Атлетските федерации и Олимписки комитети почнаа да прават тестирање на еритропоетин, позната допинг состојка која му ги донесе седумте Тур титули на Ленс Армстрног. 

Како заклучок, тој вели дека човештвото е толку уникатно и различно затоа што бројот на „интервенции“ (без разлика дали легални или не) кои што можат да влијаат врз човечката способност е бесконечна. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија