Вистинската причина поради која треба да медитираме

Каде и да погледнеме ние сме бомбардирани со совети за духовното, совети за исхрана, совети за медитација… Верувајте ни, и ние сме едни од тие.

Но, доколку ве запрашаме што е целта на медитацијата – дали ќе знаете да одговорите?

Што ако ви кажеме дека целта на медитација не е да бидете повеќе фокусирани, ниту пак да ве смири, ниту пак да се почувствувате поврзани ниту пак да ја слушате вашата интуиција?

Не нè разбирајте погрешно.

Да се биде фокусиран во сегашниот момент, да се сакаш себеси, да се почувствуваш поврзан се само неколку неверојатни ефекти од медитацијата. Може да постојат многу добри други причини зошто треба да медитирате – иако тие не спаѓаат во целите на медитацијата.

Вистинската причина за медитација е прочистување на потсвеста.

Не знаете на што мислиме? Дозволете да ви појасниме.

Нашата потсвест е како гаража или како креденец или како вашиот подрум во вашата куќа во која се направило огромен центар за зачувување на вашите животни залихи; работите што ги ставаме во кутии или тие кои не се отпакувани од минатата селидба; работите што ги натрупуваме се додека имаме простор. Оние за кои немаме време да ги отвориме, да ги подредиме или да ги исфрлиме.

Понекогаш ги организираме кутиите уредно, чистејќи го патот за да можеме да поминеме и да се водиме по просторот со привремено сопнување. Понекогаш, ги наоѓаме работите дека се насекаде, создавајќи многу блокови и опасности насекаде.

Во нашата потсвест, секоја кутија претставува нешто сосема друго. Може да имаме неколку кутии што ги носиме со нас од минатите животи (нешто како да се селиме во нов дом). Можеби имаме неколку кутии полни со стравови и емоции и искуства што се „донирани“ од страна на нашите родители, или од нашите предци. Дефинитивно имаме неколку кутии наполнети со сеќавања, искуства и емоционални сврзувања на било кои настани од нашиот сегашен живот.

Како да го ослободиме просторот и како да се справиме со сите тие кутии?

Ќе медитираме. Ќе посветиме дневна пракса отворајќи една по една кутија, изразувајќи благодарност за лекции и подароците кое секое искуство нѝ ги дава и кое го ослободува секое емоционално прикачување кое не нѝ годи.

Ќе седнеме и ќе се обидеме да не ги отргнеме мислите. Ќе дозволиме на секоја мисла да излезе на виделина и со тоа ние ќе прифатиме дека хаосот во нашиот мозок е изразувањето на нашето его бидејќи тоа избегнува да се соочи со длабоките работи кои треба да излезат. Нашето его е како наш телохранител и медитацијата е нашата можност да му заблагодариме на егото што не штитело и му дозволуваме да земе слободен ден.

Само тогаш ќе дојде тишината.

Со тоа што ќе го исчистиме потсвесното, ние ќе ги напуштиме сите стравови, сите осудувања сите лаги на кои ние сме биле подучувани и тие нè штитат од самите себе и да им дозволиме да продолжат.

Најважното нешто е кога ќе го исчистиме нашето потсвесно, ние ќе се сетиме на нашата божественост, на нашата големина, нашата светлина и нашата цел: да ја подигнеме вибрацијата на планетата со тоа што ќе ги инспирираме другите за да го направат истото.