Вие и педометарот, симбиоза во чекори

Доколку сакате да имате некаков репер за тоа како да го дозирате своето трчање, одење или друга физичка активност можете тоа да го сторите со помош на педометар. Лесен и практичен за употреба педометарот ќе го регистрира секој ваш чекор и ќе ви даде можност креативно да изнајдете начин како ќе го согорите секој залак одвишок и сето тоа да ви биде црно на бело.

 

Освен тоа што ќе имате постојана информација за тоа колку сте извежбале во текот на денот, тие информации може да ви послужат и како компарација со други тренинзи за да спроведете одреден кардио програм и да се дозирате за време на вежбањето. Бројчињата на педометарот дополнително ќе ве мотивираат за да ги остварите зацртаните цели.

Постојат два главни типа на педометри:

  • Педометар со пружина-лост кој ги брои движењата нагоре надолу, и се носи на појасот блиску до колковите. Доколку одите бавно нема да биде толку прецизен.
  • Педометрите со акселерометар се попрецизни затоа што тие го регистрираат секоe движење и не треба да се носат на специфично место, нив можете да ги ставите во џебот или на раката.

Некој педометри ги бројат само чекорите, други ги конвертираат чекорите во метри и ви покажуваат колку калории сте потрошиле, но секогаш земете ги овие бројки со резерва.Но сепак се доволно добри информации за компарација.

Лесно достапeн и ефтин се само дел од позитивите кај педометарот, совршени за рекреативци и рекреативни групи.

Доколку сте набавиле педометар, неколку дена носете го од станување до легнување за да направите пресек на вашиот дневен ритам за да видите колку сте активни во текот на целиот ден.

Kако генерален пример                                                                                                                              

Доколку изодите 8 километри горе долу ќе потрошите 500 калории и ќе направите 10 000 чекори.

А  ако сте манијак за пребројување калории, дистанци и водење контрола за вашиот тренинг, не му ја мислете, педометарот е гаџет за Вас.

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија