Вашето хоби како креативен тренинг

Ако досега за своја душа не сте си гаеле некое хоби, започнувањето на нешто може да биде многу паметен професионален потег бидејќи има потенцијал да ви ја истренира вашата работна креативноста. 

Без разлика дали е сликање, фотографија, музицирање, чепкање по некои хербариуми, терариуми или пак колекционирање на сликички, поштенски и што уште не, продолжете да посветувате време на вашето хоби бидејќи креативните екскурзии кои си ги правите надвор од вашата канцеларија може да ве направат многу подобар токму на работното место.

Во понова студија правена од психолози на универзитетот во Сан Франциско беше изваден многу краток и концизен заклучок. Колку повеќе интеракција луѓето имаат со нивното хоби толку повеќе им се пали „сијаличката“ за креативни решенија околу работните проблеми. Додатно, не е важно каков е видот на хобито, овие луѓе се покажале многу поснаодливи со пронаоѓањето начин за помош на нивните соработници. 

Испитувањето кое беше правено на две групи на луѓе со различни работни места и хоби занимации покажа дека луѓето кои почесто го „одмараат“ својот мозок со своето хоби, имале подобра изведба на работното место. Во истражувањето во предвид биле земени и други работи кои може да влијаат на резултатите како карактерот. 

Се смета дека покрај тоа што хобито делува како излез од секојдневните стрес моменти и претставува време за полнење на батериите, тоа им помага на луѓето да ги научат своите силни и слаби страни. Креативните активности се можност човекот да научи нешто за себе, а тоа позитивно се пренесува во секојдневниот живот. 

Можеби празничниов период е соодветен за возобновување на вашето старо хоби кое се` уште ги полни вашите задоволства.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија