Утринско вежбање за енергија и концентрација

Ви се случило ли наутро да започнете со некоја физичка активност и по неколку дена да се откажете? Ви се случило ли да немате енергија и концентрација во текот на денот, а навечер да немате и добар сон? Затоа, за да имате обратен процес од наведеново, потребно ви е утринско вежбање.

Физичката активност не само здрава за нашето здравје, туку и за одржувањето на формата на телото, па затоа најдоброто време за вежбање е утрото. Веројатно веднаш помисливте: „Вежбањето е вежбање, независно дали е во 06.00 или во 18.00 часот, а 300 калории се 300 калории без разлика дали се согорени наутро или навечер”.

Вистината е дека придобивките од утринското вежбање ги надминуваат согорените калории. Физичката активност наутро ви дава и забрзан метаболизам, подобар сон, ве прави посреќни и поенергични. Затоа, еве неколку причини зошто треба да намести аларм малку порано од вообичаено и да одделите време за утринско вежбање:

1. Вежбањето станува навика
Можеби немате лоша намера кога го одложувате вежбањето за по работното време, но во тој случај ќе пронајдете добар изговор за воопшто да не започнете да потите.
Доколку ја испланирате физичката активност за почетокот на денот, тогаш ништо не може да ви застане на патот.

2. Забрзан метаболизам во текот на целиот ден
Дали често ви се случува да скокнете од креветот и колку што е можно побрзо летнувате низ вратата?

Во ваквите моменти можеби вие се чувствувате будни, но не и вашиот метаболизам.
Утринското вежбање не само што ќе ви помогне моментално да си го забрзате метаболизмот, туку вашето тело ќе продолжи да согорува калории и по вежбањето.

3. Полни со енергија

Иако треба да се извлечете порано од креветот за да го раздвижите телото, тоа нема да ви ја намали енергијата, туку напротив. Додека вежбате се подобрува работата на кардиоваскуларниот систем, а тоа ви дава енергија преку целиот ден.

4. Подобар сон
Навечер тешко заспивате? Избркајте ја несоницата со редовно утринско вежбање, околу 4 пати неделно.

Физичките вежби ја покачуваат температурата на телото и го држат мозокот активен, па лицата кои вежбаат навечер имаат проблеми со спиењето. Неопходни се околу 3-4 часа по завршувањето на физичката активност за телото да се олади доволно за заспивањето да не претставува проблем. За разлика од вечерното вежбање, утринскиот тренинг има позитивен ефект врз деноноќниот ритам на телото, што придонесува за подобар сон.

5. Подобра контрола врз апетитот и поздрава исхрана
Редовно поткаснувате слатки задоволства затоа што не можете да го контролирате својот апетит? Ја претпочитате брзата калорична храна пред овошјето и зеленчукот?

Започнете да вежбате наутро и најверојатно ќе ја промените и исхраната. Физичката активност ослободува ендорфини кои ве прават позадоволни и посреќни, па нема да има потреба да барате задоволство во храната.

Истовремено, поквалитетниот сон во текот на ноќта придонесува за одржување на хормоналниот баланс кој помага во контролирањето на апетитот. Истражувањата покажуваат дека лицата кои вежбаат наутро не само што јадат помалку во текот на денот, туку и избираат поздрава храна. Нема да сакате да ги фрлите своите напори во вода само за да каснете парче повеќе од вкусната пица, зарем не?

6. Поостар ум
Можеби мислите дека кафето е најдобриот начин за будење на мозокот наутро, но она што навистина му е потребно е кислород кој ќе му го дадете преку вежбањето.

Всушност, остриот ум е една од придобивките кои ни ги дава физичката активност, а ефектот трае 4-10 часа по завршувањето на тренингот. Вежбањето наутро ќе ви овозможи да ги искористите максимално часовите кога вашиот мозок работи најактивно. Наутро не трчајте по кафето, туку вовлечете се во спортската опрема и размрдајте се.

7. Поголема продуктивност на работното место
Постојано барате начини како да бидете попродуктивни на работа? Започнете да вежбате веднаш штом ќе станете од креветот.

Тренирањето пред да се упатите кон канцеларијата не само што го намалува нивото на стрес, туку води и до поголема продуктивност. Истражувањата покажуваат дека физичката активност ја подобрува способноста за извршување на умствени задачи и го подобрува памтењето.

8. Поголема среќа и чувство на исполнетост
Во потрага сте по магичен рецепт кој ќе ве направи посреќни? Инвестирајте неколку минути за вежбање наутро и ќе си го подобрите расположението во текот на целиот ден.

Физичките вежби релаксираат и го поттикнуваат мозокот да произведува ендорфини, хормони заслужни за доброто расположение. Луѓето кои вежбаат најмалку 30 минути наутро како награда добиваат насмевка на лицето до крајот на денот. Ако го додадеме и чувството на исполнетост и задоволство кое се појавува поради фактот дека сте направиле нешто добро за себе, ќе ја добиете комплетната слика на придобивките од утринското вежбање.