Спортот и исхраната во превенција на рак на дебелото црево

Редовните вежбачи и консументи на било какви физички активности имаат шанси да го намалат ризикот за развој на канцерот на дебелото црево за 30-40% во однос на неактивните или помалку активните особи.

Постојат истражувачки центри (TREC-transdisciplinar research on energetics and cancer) кои сериозно се занимаваат со оваа проблематика, како енергетскиот баланс и физичките активности се однесуваат кон ризикот за канцер.

Исхраната и физичката активност генерално се во тесна врска со коло ректалниот канцер. Редовните спортски активности директно делуваат на повеќе системи кои се вклучени во етиопатогенезата на канцерот на дебелото црево (коло-ректален карцином).

Балансот на метаболните активности, хормонскиот статус и инсулинскиот статус се одлична основа за добар имунолошки оптимум. Со повеќе вежби секогаш имаме помали шанси за развој на било какви воспалителни промени кое се евентуална преканцероза.


НЕШТО ПОВЕЌЕ ЗА ПОНЕЖНИОТ ПОЛ ОД ОВАА ТЕМА – АКТИВНИ ЖЕНИ И ЗДРАВИ ДОЈКИ


Уредна исхрана со оптимална рестрикција на протеинско мени и доволен внес на течности се исто така многу важни превентивни мерки кои во корелација со редовните активности позитивно делуваат врз превенцијата на оваа болест.

Дилеми не постојат и за препораките за спортски активности кај луѓето со колоректален карцином кои ги поминале сите здраствено-терапевски протоколи.