Трчаме Заедно со Искра
Бидејќи секогаш е подобро кога нешто се прави во друштво и со убави вибрации, Искра реши да канализира позитивна женска енергија на доза џог по кејот на Вардар.
Трчаме Заедно е иницијатива предводена од Искра Јовановска, која се состои од регрутирање на девојки кои се занимаваат со рекреативно трчање, а е со цел одржување на заеднички тренинзи, меѓусебна мотивација и подготовка за трки.
Редовните тренинзи се одржуваат на Кејот на Вардар. Секој понеделник и среда од 18 часот, старт Жабар и секој четврток и сабота 18 часот, старт мост Близнак, Аеродром.
Па девојки, што чекате?
Повелете на кеј за неделниот рекреативен фикс!
Повеќе информации на фб групата и фб пејџот.
Еве и неколку фотки…