Спортски активности против рана сексуална пензија

Сексот не може да биде добра замена за спортски тренинг, бидејќи за добар секс потребни се континуирани спортски активности! Точно е дека најдобар афродизијазик е љубовта, а најдобар сексуален суплемент се физичките вежби кои се клуч за добар кардиоваскуларен систем со што се обезбедува добар дотур на свежа, обогатена крв со кислорот и хранителни продукти до секоја клетка, ткиво и орган.

Возбудата и сексуалните желби се првичните сигнали, а сексот и спортот се одличен баланс за добро физичко, емоционално и психичко здравје.

Експертите од Универзитетот во Чикаго ја анализираа врскат помеѓу фитнесот и сексот. Во истражувањата опфатија 500 жени на возраст од 18-45 години, а основни спортски активности беа трчањето, велосипедизмот и аеробикот. Кај 60% беа зголемени сексуалните желби и активности.

Со спортот се постигнува подобра кондиција, добар мускулен тонус, атлетско дизајнирано тело, поголема сигурност, желба и самодоверба, се’ што е потребно за подобар сексуален живот во целост.

Според најновите истражувања загубата на телесната тежина кај мажите како резултат на вежбањето го зголемува нивото на тестостерон и до 50%, со што се намалува и ризикот од дијабет.

Врската помегу редовните спортски активности и сексот се одлична компилација за долговечен и квалитетен живот. Спортот кај луѓето со над 60 години треба да биде дел од животот, а сексот ќе ви биде сигурен бакшиш.

Препорачана превентивна мерка за предвремено сексуално пензионирање е минимум три пати неделно вежби за издржливост како трчање, велосипедизам, фитнес, планинарење и др.

Во секој случај за подобар сексуален живот, здраво тело, мозок и дух имате одлична препорака – спортски, и било какви рекреативни активности, но редовни. МНОГУ ДАВА – МАЛКУ ЧИНИ.