Совети како да поентирате во спрегата време-тренинг

Неколку практични совети како полесно да извлечете време за тренинг од вашиот збиен распоред не се на одмет. Динамично и стресно е времето во кое живееме, и секоја мала позитивна промена силно влијае врз нас. Времето е ограничено и секоја минута за вашиот тренинг е добредојдена, еве како да излактате некој саат повеќе во спрегата помеѓу збиениот распоред и желбата да се тренира и да се биде активен!

1. Секогаш носете ранец или торба со опрема за вежбање во вашиот автомобил без разлика дали тој ден имате во план тренинг сесија или не. Доколку имате промена на планот нема да има потреба да се враќате дома за да се пресоблечете и да изгубите драгоцено време. 

2. Дома направете мал сет од помагала за тренинг, (еднорачни тегови, ластик, јаже за скокање, постелка, вратило, физиотопка, пенаст ролер) Секогаш спремни за да согорите некоја калорија и тогаш кога нема да ви остане многу време за да тркнете до теретана или да џогнете на раат.

3. Доколку имате можност на работното место чувајте спортска облека, може да искрсне некој тимбилдинг баскет, мал фудбал со кладба во гајба пиво или нешто слично што ќе ви дојде како кец на десетка после работнотовреме, ем тренинг, забава, и време заштедено од гужвите во гратскиот метеж. 

4. Ставете ги вашите тренинзи во вашиот работен потсетник или календар за да не биде онаа познатата (ај утре, ај задутре) и тренингот секогаш да биде заменет со нешто ”поважно”.

5. Намалете го времето на вежбање. Вежбајте со поголем интензитет, почесто и во пократки тренинг сесии е супер варијанта. Така ќе заштедите време и ќе можете да го постигнете саканиот ефект а воедно ќе имате часови плус и за други нешта. 

6. Помалку време поминувајте пред телевизија и компјутер! Но ако ТВ сериите и фудбалот ви се омилени, тогаш ефикасно би било тоа време да се искористи за да се направат неколку серии стомачни подигања, чучњеви, малку склекови или да се направи кардио на статичен велосипед. Сепак не е секој натпревар за со пиво! 

7. Пешачете повеќе и користете го ”пешкито” како опција за секојдневни релации. Можеби одзима време но воедно правите и некаква активност, 30 минути пешачење е одлична превентивна инекција.  Други варијанти со ист принцип се 

  • Велосипед за на работа 
  • Скали наместо лифт

8. Тренинг партнерот е одлична опција како да го подобрите ефектот на тренирање и воедно да ја подобрите и временската ефикасност. Со партнерот тренирате помотивирано, не се замајувате во предолги паузи и бесконечни муабетења што ви го екстензираат тренинг времето двојно.

9. Хронометар и Интервален Тајмер за полесно да се водите низ тренингот и да нема непотребни застои. 

10. Викендите користете ги активно и за авантури, отидете на некоја планинарска тура, скијање и слично. Активните викенди со пријателите и семејството се одличен начин како се полнат ”батерии”. 

11. Ако имате семејство, а секако децата си бараат внимани и грижа направете распоред со вашиот партнер за да тренирате во различни денови, така ќе бидете пофлексибилни и двајцата ќе имате време за тренинг а воедно и време за децата.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија