Скокај и брои слободно

Никогаш не сме биле ЗА комплицирање на едноставните алатки кои носат добри резултати, во примеров јажето за скокање кое е одличен елемент за секој тренинг, ама ова со диодиве изгледа интересно… 

Една од најдобрите форми на кардио тренинг, јажето за скокање веќе има прераснато, барем во прототип верзија на нешто што наликува дека доаѓа од 21-век со оглед на развојот на технологијата.

Едноставното јаже кое безгрешно си ја вршеше досегашната работа на ниво (нормално, се зависеше од тоа колку ние го скокавме) во проектот Смарт Роуп со неколку ЛЕД диоди и малку современа технологија се има надоградено со можност за визуелно претставување на бројот на прескокнувања што ги имате направено, директно пред вашите очи.

Сензорот што ги брои револуциите на јажето е сместен во рачките и работи на принцп на магнетизам, а на средина од јажето сместени се 23 ЛЕД диоди кои како светлечка реклама ги отсликуваат бројките. Дополнително постои и опција да се промени бројката на прескокнувања со бројот на калории кои просечно ги трошите додека скокате, ако сакате малку поинаква мотивација.

Покрај визуелното претставување на податоците, јажето во неговите рачки има сместено Блутут предавател кои има можност да ги пренесува сите овие податоци до вашиот смартфон за подобро следење на вашиот прогрес, за подобра мотивација и за подобар резултат од вашиот тренинг.

Проектот можете подобро да го разгледате и поддржите ТУКА, ОВДЕ ќе видите зошто јажето е одличен кардио рецепт, а ТУКАќе го видите големиот Мохамед Али на неговото омилено парче опрема. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија