Наслов

Скијачки палец (skiers thumb)

Палецот е единствениот опозиционер по движењата на шепата па затоа го крка стапот (во секаква смисла на зборот) и знае да биде многу честа скијачка повреда, а и како повреда при други спортски активности.

Скијачот при падот го држи стапот силно втиснат во шепата и силата делува кон назад т.е. кон коренот на палецот. Ако силата која го турка палецот е посилна од јачината на лигаментарната поддршка ќе дојде до истегнување, пукање на зглобните елементи па дури и до фрактура.

Многу често ваква техника на повредување на палецот имаме и во други спортови кај голманите во фудбал, ракомет, ватерполо па затоа е позната како голмански палец (gamekeepers thumb). Во последно време се типична повреда и кај брејк – денсерите (break dancers thumb)

Палецот е најподвижниот прст на шепата со издвоена анатомска позиција во однос на другите прсти и со опозициони функционални задачи. Базниот зглоб на палецот (ariticulatio metacarpophalangea) e силно обезбеден со силни колатерални лигаменти (lig.collaterale) од надворешната и внатрешната страна како триаголник. Најчесто жртва на оваа состојба е улнарниот колатерален лигамент (lig. collaterale ulnare)

Движењето на силата го доведува палецот во хиперекстензија или оддалечена положба од шаката. Во зависност од силата можни се неколку типови на повреди на палецот, како истегнување, делумна руптура или напрснување на лигаментите и комплетна руптура или потполно прскање. Комплетната руптура најчесто е поврзана со отчепна (авулзиона) фрактура на базата на проксималната фаланга.

Силната болка во пределот на коренот или базата на палецот, која се зголемува со негова манипулација, локалниот оток и евентуален крвав подлив се доволен сигнал за оваа типична повреда. Правилна имобилизација со ледени облоги е доволна самопомош или помош се до посетата на доктор, трауматолог. Масажата може само дополнително да допринесе за болни непријатности и е забранета. Во понатамошниот протокол рентген дијагностиката е потребна за потврда на евентуална фрактура.

Понатаму, колку да сте информирани, уредната рехабилитација со носење на лонгета или ортоза трае од 2 до 4 недели. Комплицираните руптури се решаваат хирушки.

31 Јануари 2013

За авторот