Што е полошо – да не си активен или да си со вишок килограми?

Било која опција од двете претставува лош избор по вашето здравје (да не правиме муабет ако и двете се во комбинација), но еве, ставени на кантар, која од нив е полоша?

Неактивниот начин на живот и носењето на вишок тежина на вашето тело се двете сигурно докажани причинители за скратување на човечкиот живот, но во неодамнешна британска студија се докажува дека немањето на редовна физичка активност е далеку полоша варијанта (статистички двапати полоша) од тоа да имаш некој вишок на половината.

Низ 12-годишен период и повеќе од 330,000 испитаници на Кембриџ научниците извадија заклучок дека неактивниот (седентарен) начин на живот ја зголемува стапката за морталитет за дури 50 проценти во однос на оние кои успеваат барем малку да ги достигнат препораките за движење и вежбање без разлика дали тие имаат прекумерна тежина или имаат некои други фактори кои го нарушуваат здравјето.

Имено, за време на студијата на испитаниците им биле следени боди мас индексите, обемот на половината, нивната физичка активност и низа други здравствени параметри, а заклучокот вели дека луѓето кои имаат имаат многу мали навики за движење (било какво, значи пешачење, велосипедизам, трчање итн.) имаат двапати поголеми шанси за морталитет од оние кои имаат БМИ поголем од 30.

Па дури и оние кои имале поголема телесна тежина, пушеле или повремено консумирале алкохол биле подолу на оваа скала од оние кои се движеле екстремно малку во текот на нивните животи.

Физичката активност од било каков тип придонесува многу за здравјето на човекот, а во повеќе наврати неактивноста од екстремни рамки се докажала дека е на врвот од причините кои доведуваат до деградирање на човековиот организам.

Прочитајте повеќе зошто сите ние треба да кажеме НЕ ЗА НЕАКТИВНИОТ НАЧИН НА ЖИВОТ

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија