Ланско потсетување – Шарски води на кратко и слатко

Затоа што ниедна (летна) авантура не треба да биде одбиена заради една временска прогноза…

И беше одлично. Можеби малку свежо за јуни накај јули, ама па барем не беше припек. А тие што не дојдоа поради овој факт пропуштија многу километри на супер зезање, возење, уживање во природа и пред сè одлична физичка активност.

Кал имаше многу, дожд ако верувате скоро и да не заврна, по пат ние бевме мечките што кркаа минијатурни јагоди, а во Вруток имаше стандард супер гравче и многу ладно пиво.

Доволен мотив за спортско уживање на било која ваква наредна велосипедска тура, авантура.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија