90 години ЗЛАТОВРВ - Прилеп

Роденденско искачување на Златоврв

Планинарскиот спортски клуб „Златоврв”- Прилеп е најстарото планинарско друштво во Македонија, основано во 1924год.

Во него членовите се занимаваат со планинарење, ориентација, спортско качување и спелеологија. По тој повод, група членови на 02.01.2014 го посетија манастирот Трескавец, се искачија на врвот Златоврв. На врвот е поставена нова метална кутија во која што има книга во која секој што ќе се искачи може да се потпишe.