Природна нега на стапалата во зима

За разлика од летото, кога стапалата се изложени на погледи и обрнуваме особено внимание на нивната нега, најчесто во текот на зимата ги подзаборавиме и ја занемаруваме негата и грижата за нив. Но, стапалата бараат нега во текот на целата година, особено кај луѓето кои се физички активни, односно се занимаваат со спорт.

За време на есента и зимата се јавуваат повеќе проблеми со кожата на стапалата. Во текот на студените денови и за време на спортските активности во зима, нашите стапала се долго заробени во топлите обувки, па често се потат, кожата станува сува, груба и почнува да пука; често се јавуваат и проблеми од типот на плускавци или габични инфекции – т.н. атлетско стапало, еден од честите проблеми со кој се соочуваат спортистите.

Сепак, со редовна хигиена и адекватна нега на стапалата во текот на зимата може да се решат сите непријатни состојби кои ги предизвикуваат затворените чевли и прекумерното потење, а пред сè да се превенираат и проблемите од типот на атлетското стапало.  

1. Редовна и детална хигиена на стапалата

Покрај брзиот туш и лесното миење на стапалата наутро, во зима се препорачуваат и подолги, релаксирачки вечерни купки со млака вода, со некој благ pH-неутрален сапун, кој ќе ја заштити вашата кожа од сушење. Ваквите купки особено се препорачуваат по интензивна спортска активност. По секое миење погрижете се добро да ги исушите стапалата, а потоа преминете на хидратација.

Кога ќе имате повеќе имате време, а се препорачува барем два пати неделно, направете пилинг на кожата на стапалата. Ова е еден од брзите и ефикасни начини да се „ослободите“ од мртвите клетки.  

2. Редовна хидратација – и наутро и навечер

Хидратацијата на стапалата во зима е исклучително важна, дури и повеќе одошто во лето, и најдобро да се практикува два пати дневно, и наутро, и навечер.

Доколку се соочувате со прекумерно потење на стапалата и/или сте физички активни, направете утринска хидратација на стапалата со Алгасан актив балсамот од природната хербална аптека на Д-р Тајс. Направен на база на етерично масло од алгојски планински бор, во комбинација со авокадо, ментол, пантенол и витамин Е, актив балсамот го намалува прекумерното потење и ги негува и освежува стапалата. Етеричното масло од планински бор и ментолот имаат благ антисептичен ефект и ги заштитуваат стапалата од габични инфекции и непријатен мирис.

Вечерната хидратација се препорачува за сите, но особено е важна за сите што имаат сува и испукана кожа на стапалата. Алгасан балсамот за стапала со етерично масло од алгојски планински бор и сибирска смрека, ментол, алантоин и салицилна киселина е исклучително наменет за негување на сувата, тврда и испукана кожа. Алантоинот делува заштитно на кожата од дополнително исушување и стимулира регенерација на сувата кожа, а делува и превентивно на габичните и бактериски инфекции на стапалата. 

Доколку се соочувате, пак, со проблем на екстремно сува и испукана кожа на петиците, се препорачува и дополнителен третман со Алгасан репаративниот крем за испукани пети

3. Масажа на стапалата

За време на вечерната хидратација се препорачува и кратка масажа на стапалата. Доколку немате време, ова не морат да го правите секој ден, но покрај тоа што масажата ќе ве релаксира по напорниот ден, таа е одлична за намалување на болката по интензивна физичка активност, како и за подобрување на циркулацијата во зима (особено ако имате проблем со „студени нозе“).

4. Дополнителни совети

Целосен педикир е можеби нешто за кое немате доволно време, но практикувајте го барем еднаш месечно и проблемите значително ќе се намалат

Бидете многу внимателни при изборот на обувките што ги носите. Зимската и спортските обувки треба да се многу удобни и не треба да ги чувствувате непријатни 

Спортските обувки треба да имаат добра вентилација, односно проток на воздух

Менувајте ги обувките во текот на денот. Не се препорачува носење едни обувки во текот на целиот ден

Изборот на чорапите е исто толку важен како и изборот на чевлите. Доколку се занимавате со спорт, купувајте чорапи наменети за спортски активности. Внатре во зимските обувки практикувајте да носите чорапи од природни материјали, како волна или памук.