Ем здрав живот, ем фит тело, ем награди. Побрзајте!!!

ПРЕДновогодишните одлуки се новите Новогодишни одлуки!

Sport Inn и Gibbon Slacklines Macedonia ги предизвикуваат сите поборници на активниот живот, спортот и здравите навики, но особено ги предизвикуваат оние “забушантите”, да ги воведат овие навики, но не “Од понеделник!”, не “Од 1ви!” и не “Од Нова Година!”, туку веднаш!

Ексклузивно во Македонија Sport Inn ја овозможува Slackfit фитнес програмата на Gibbon Slacklines, а Вие имате исклучителна шанса да се приклучите на овој натпревар и бесплатно да тренирате во текот на осумте недели со тим од професионалнци. Повеќе за програмата, прочитајте овде.

Покрај бесплатна фитнес програма, фит тело и нови здрави навики, на крајот од овој предизвик, трите тима чии што збир на поени ќе биде најголем, ќе освојат вредни награди од организаторот – Sport Inn, и тоа:

Трето место: Четири седмично бесплатно вежбање во Sport Inn за сите членови на тимот;

Второ место: Classic line за сите членови на тимот;

Прво место: Патување во Минхен – гледај ги GIBBON Slackiles Masters 2017 во живо или кажи си здраво со некој pro rider!!!

Пријавите траат само една недела, до 07ми Ноември, а бројот на учесници и тимови е ограничен, па побрзајте со пријавите! За пријавување, потребно е само да го пополните формуларот на овој линк. За овој натпревар се предвидени вкупно 40 учесници – 10 тима од по 4 членови, кои во текот на осумте недели ќе треба да постигнат како индивидуални, така и тимски резултати.

Тимовите ќе ги освојуваат поените според повеќе критериуми: издржливост и правилно вежбање за време на тренинзите, редовност на тренинзите но и поддршката од нивните пријатели и фанови на социјалните мрежи – Youtube, Facebook и Instagram. Тренинзите ќе се одржуваат два пати неделно, во спортската сала на Карате клубот “Работнички” во Капиштец – секоја среда и петок од 18 до 19 часот, во периодот од 09.11 – 28.12.

Следете ја фан страната на Gibbon Slacklines Macedonia – за да бидете во тек со сите информации поврзани со натпреварот.

Ем здрав живот, ем фит тело, ем награди. Побрзајте!!!

Автор

Sport Inn

Скопје

Македонија