А ова е вашиот мозок на медитација

Со помош на модерни парчиња технологија, научниците се во можност подлабоко да разберат дека во мозокот на оној што медитира не се случува скоро… ништо! Без секирации, позитивно делувало кога „не ви чуе“.

Со помош на скенирање со Функционална магнетна резонанца (fMRI) научниците имаа можност да разберат малку повеќе за тоа што се случува во нашите мозоци додека медитираме. 

Општо земено резултатите покажале дека медитација го стопира процесирањето на огромен број на информации во мозокот. Резултатите покажале намалување во бета брановите, индикатор дека нашите мозоци процесираат информации, дури и по само 20 минути од првата медитација на човекот.

Подолу, еве едно детално појаснување што се случува на секој дел од мозокот посебно за време на медитационите сеанси.

  • Фронтален резен 
    Најразвиениот дел на мозокот кој е одговорен за планирање, емоции, рационализација, и самосвесност. За време на медитација тој оди офлајн. 
     
  • Париетален резен
    Дел задолжен за процесирање на сензорни информации од околината со што не ориентира во простор и време. За врмеме на медитација, неговата работа се успорува.
  • Таламус 
    Овој дел го фокусира нашето внимание со тоа што ги „закопува“ (непотребните) сензорните информации во подлабоките делови на мозокот. Работата на таламусот исто така се успорува за време на медитацијата.
  • Ретикуларната формација
    Структурата која прима стимулусите и го става мозокот на штрек, подготвен да реагира. Медитирањето ги успорува сигналите кои стигаат до оваа формација. 

И како ова „исклучување“ на системот има позитивно влијание врз нашето здравје? Всушност, многу слично на тоа како вежбањето влијае на нашиот мозок.

Подобро фокусираме, помалку сме напнати, а повеќе креативни, имаме подобра меморија и помалку стрес, а и чувствуваме повеќе емпатија. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија