Осумка за тренинг

Во многу спортови а особено во оние каде се бара прецизен замав и акција на горните екстремитети, важно е да се постигне синхронизација на движењата на телото.  За полесно да го постигнување наброеното компанијата Grail Soprts си измисли производ наречен „8 Board”. 

„8 Board” има улога да ја подобри силата на трупот бидејќи помага да заземете правилен став на телото додека изведувате специфично движење, како удар во тенис, голф, бејзбол и други спортови каде треба да изведете правилна ротација и да постигнете рамнотежа и правилно да ја пренесете силата. Освен што ви помага цврсто да стоите на нозе,„8 Board” го штити `рбетот од акумулиран напорот во пределот на крстот и појасот кој се добива од неправилна ротација.