Комерцијален текст

Ортопедски костими за капење

Егзотичен изглед… Голема удобност… Потполна сигурност…

Во костимите за капење на Амоена Германија ова лето ќе изгледате фантастично, затоа што тие се:

– отпорни и сигурни;
– со модерен облик;
– одлично прилегаат.

Целта на Амоена е да произведе костими за капење кои не се разликуваат од моделите кои што сте ги носеле претходно. Ортопедските костими за капење се шик и модерни, а со своите посебни карактеристики овозможуваат удобност и сигурност при носењето.

Кои се посебните карактеристики на ортопедските костими за капење?
Ортопедските костими за капење се специјално дизајнирани за жени кои имале операција на дојка. Амоена, при креирањето на моделите на костими за капење секогаш се грижи за индивидуалните потреби на корисниците, при што прерамките и деколтето се прилагодливи, деколтето е повисоко, а кројот е адаптиран за носење на градна протеза во посебен додаток-џеб. Кај овие модели корпите се посебно обликувани и со широк ластик под дојките.

Градната протеза се поставува во џебот и во потполност прилега со телото. Овие костими за капење се практични за носење, зајакнати се со материјал од страните и во задниот дел, што овозможува убаво обликување на телото.

Во специјализираните продавници на Медикус Хелп има широка палета на модели, големини и бои, а стручен и обучен кадар ќе земе соодветни мерки и ќе ја одреди правилната големина на костимот за капење.

Нашата цел е на жените да им ја вратиме самодовербата, природната убавина и квалитетот на живот.

Со ортопедските костими на Амоена, самоуверени и сигурни уживајте во прекрасните летни денови на море, езеро, базен или бања.