Вежби за (К)оргазам

За тие што не гледаат ништо интересно во постојаното вежбање и тренирање на своето тело, овој текст ќе им даде доволна причина да ги ревидираат своите ставови. И до идното лето,  без или со коргазамот да извадат добри сикспекс.

Физичката активност е докажана варијанта за да се ослободите од стрес,  да го подобрите својот имунитет и позитивно да влијаете на своето сексуално и општо здравје. Во последниве години главна тема особено кај женската фитнес популација е феноменот коргазам или (core-orgazam), оргазам кој може да ви дојде како бонус од специфични вежби за мускулатурата на абдоменот и карлицата.

На долго и на широко се пишуваше за коргазмот особено по направеното истражување минатата година од страна на универзитетот во Индијана односно нивниот центар за сексуално здравје. Иако оргазмот е нешто што се случува зад „пердето”, коргазмот е нешто што може да се случи и додека правите вежби во преполна фитнес сала. Механизмот за појава на коргазмот е нешто што и ден денес претставува загатка и се поврзува со активирањето на мускулите на (јадрото – core), тука спаѓаат мускулите на карлицата, абдоменот и лумбалниот дел од рбетот.

И да не остане само на сликичка еве видео со вежби за коргазам (како мотив плус да повежбате) а, ако се малку примерите еве два линка за додатна доза. 1 2 уживајте!!!

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија