Виновни сте вие, а не вашите патики

Трчањето претставува вештина каде што далеку поважен е начинот на кој што таа се прави, отколку она што го носиме на нашите нозе..

Дилемата околу видот и дизајнот на патиките, нивниот ѓон и карактеристиките на матерјалите од кои се направени со предизвикувањето или превенирањето на повреди при трчање знае да биде многу заплеткана. 

Постојат бројни студии кои се косат едни со други. Некои резултати викаат дека минималистичките патики ги зголемуваат шансите за повреда, а други пак дека типот на ѓонот, односно перничето нема никакво влијание врз истово, па затоа најубаво е врз ова проблематика е да се гледа индивидуално. Она што некому може да превенира повреда, некому може да предизвика.

Сепак, Др. Паул Лингер, педијатар и клинички советник на Американската атлетска асоцијација вели дека варијаблите за нечија повреда при трчање се во огромен број, а патиката седи многу ниско на листата на можности. 

„Всушност, таа седи многу ниско. Телото компензира за подлогата на која што тоа е изложено (при трчање). Тука зборувам како и за патиката, т.е. она што е помеѓу ногата и теренот, без разлика со каков ѓон е, како и за самиот терен на кој се трча“.

Напротив, според него, главниот виновник за повредите не се во тоа „што носиш“ туку „како го носиш“. До 90 проценти од повредите при трчање се класифицирани како тренинг грешки. Боди мас индексот, историја на повреди, премалку одмор, премногу напор итн. 

Како за крај, секој треба да разбере дека трчањето е вештина, и начинот на кој што таа се практикува е далеку поважен од она што е врзано за нашите стапала.  


Нешто што дополнително може да ве интересира: КОЈА Е НАЈДОБРАТА ПОДЛОГА ЗА ВАШИТЕ КОЛЕНА (ДОДЕКА ТРЧАТЕ)?

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија