А затоа ние вака опуштени после трчање

Најверојатно e пронајдена вистинската причина за тркачкиот „хај” а таа е многу слична на вистинската марихуана. 

Ако редовно трчате или воопшто спорувате и тренирате тогаш сигурно сте се осетиле пријатно опуштени, абе ништо не може да ве изнервира откако ќе се истуширате после тренинг.

Досега ендорфинот т.е. внатрешниот „хормон на среќа” беше најмногу поврзуван со чувството на задоволство, исполнетост и блага еуфоричност кои најчесто се чувствуваат по некоја аеробна активност, но научниците во одделна студија правена на заморчиња го сменија погледот за таканаречениот тркачки „хај” т.е. за релаксираноста на целото тело која следува по ваквите активности, и почнаа повеќе да ги истражуваат ендоканабиноидите. 

Тоа се хормони кои природно, исто како и ендорфинот и допаминот се лачат во мали количини во централниот нервен систем на човекот и животните и дејствуваат врз одредени рецептори во мозокот кои селедствено на ова даваат некакви ефекти врз нашето тело. Тие се нешто како сопствено продуцирана марихуана која телто ја произведува за различни физиолошки потреби – контрола на апетит, болка, меморија и расположение. 

Во самата студија водена на институт за ментално здравје во Хаиделберг, Германија испитувани беа повеќе заморчиња и се покажа дека глувчињата кои претходно трчале на тркало биле помалку вознемирени и толерирале болка подобро од останатите. Откако на истите тие им било дадено блокатор за ендоканабиноидниот систем, нивното однесување се вратило во претходната состојба т.е. тие повторно биле нервозни како и пред трчањето и биле пораздразливи и подносливи на болка. 

Со ова покжаува дека канабиноидните рецептори ја имаат можеби и најважната улога во тркачкиот „хај”, а името на оваа состојба целосно кореспондира со самата причина поради која настанува. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија